Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

Archive for March 11th, 2008

PostHeaderIcon Jас, лиценцата на Криејтив Комонс и една книга

Треба да се знае дека „КК“ не е правна лиценца и не обезбедува правна заштита. Во случај некој да ја злоупотреби, одговорноста паѓа на авторот, сам да си ги оствари своите права преку суд.

Ова е дел од една подолга изјава која ја спремив за весникот Шпиц, а излезе во нивното денешно издание. Дури кога ја пратив ми текна дека тие како весник (барем во печатените броеви) немаат да отстапат толку простор колку што имаме ние на блоговите и сајтовите. Иако тоа можеле да го сторат на нивната веб страница која според Блогот Комуникации е само копија на печатеното издание, што впрочем се однесува и за сите други дневни весници.

Со лиценцата на Кријетив Kомонс за прв пат се сретнав во моментот кога почнав своите написи да ги ставам на интернет. На секој автор кој објавува на интернет свое дело, независно од каков тип е тоа, по автоматизам му се заштитени авторските права сеедно дали е излезен со свои име и презиме или пак под псевдоним. Непобитен факт е дека штом едно дело се стави он лајн, многу е тешко технички да се спречи неговото даунлодирање, преработување или плагирање. Кријетив Kомонс лиценцата е токму во врска со копирањето и размножувањето, но под определени услови. Затоа постојат неколку типа на лиценци, а логото оди под името ,,Некои права задржани“. Можете и вака да го поставите прашањето – Дали е подобро вашето дело самите да го ставите под лиценца на Кријетив Kомонс, ако е на пример книга, или некој да ви ја скенира истата и да ја постави без ваша дозвола анонимно на интернет?

Лично само еднашка сум имала проблем со кршењето на моите авторски права од еден печатен медиум, но сепак треба да се знае дека Кријетив Kомонс не е правна лиценца и не обезбедува правна заштита. Така во случај доколку некој ја злоупотреби, тогаш одговорноста паѓа на авторот сам да си ги оствари своите права преку суд.

Во борбата за што поголем и подобар пристап на информации, ставањето на едно дело под лиценца на Кријетив Kомонс може да биде одлична можност за промоција во светски рамки. Слабиот пробив на оваа лиценца најмногу се должи за малата интернет пенетрација во Република Македонија, но и слабата информираност на самите уметниците кои сепак треба да бидат запознаени со глобализациските придобивки од оваа лиценца. Идејата на Кријетив Kомонс под мотото ,,Сподели знаење” е навистина благородна и сметам дека нејзините претставници во Македонија (во случајот фондацијата ,,Метаморфозис”) би требало да започнат една малку поагресивна кампања. Со тоа веројатно би се зголемилo нашето присуство на мапата на светот, a многу македонски дела би станале подостапни за сите.

Што се однесува конкретно до мене, во припрема е мојата прва електронска книга која ќе биде ставена под лиценцата на Кријетив Kомонс. Ова книга е првенствено наменета за интернет популацијата со цел за поголема популаризација на археологијата во Македонија и светското културното наследство како општоцивилизациска придобивка. Нејзиното пуштање во оптек на интернет не е спорно, само е прашање на време кое зависи од неколку фактори. Секако, доколку некоја од издавачките куќи изрази желба и е заинтересирана да ги публикува моите текстови во печатено издание, со задоволство ќе им отстапам дел од своите авторски права. :)

И во овој случај, исто како и со постот за Идентитетот, луѓето едноставно мора да се навикнат дека постои и друго мислење освен она нивното. Затоа скоро секогаш има потреба од вакви јавни изјави.

Bookmark and Share

PostHeaderIcon Покана за предавање – Aleksandar Durman, Department of Archaeology, University of Zagreb

 

Во рамките на размената на професори започната минатата година со Институтот за Археологија при истоимената катедра од Загреб, ќе се одржат две предавањата на проф. д-р. Александар Дурман со наслов:

Најраната металургија во Европа – почеток и развој – Среда (12.03.2008)

Небескиот симболизам во Вучедолската култура – Четврток (13.03.2008)

Предавањата почнуваат во 12, 00 часот во салата за седници на Филозофскиот факултет.

Оваа возвратна посета од Загреб доаѓа по повод предавањата кои минатата година таму ги одржаа проф. д-р. Никос Чаусидис и проф. д-р. Драги Митревски од Катедрата по историја на уметност со археологија, Филозофски факултет, Скопје.

Професорот Александар Дурман досега бил раководител на многу археолошки истражувања, претежно од периодите на праисторијата и антиката, а негов топик на истражување се археометалургија, проблемите на апсолутно датирање во археологијата, комуникации и населување. На неколку локалитети ја има истражувано познатата Вучедолска култура која како припадник на балканските култури од металното доба, покрај својата керамика, позната е уште по правоаголниот облик на своите куќи и по тоа што леела бакарни предмети со повеќеделни калапи.

 

Сепак оваа култура (која се протегала од Чешка и Словачка на север па се до Босна, Шумадија и Јадранскиот брег на југ; и од Славонија на запад се до романскиот дел на Банат на исток) се има прочуено благодарејќи на еден сад пронајден при едно ископување во Винковци 1978 година, познат како Вучедолскиот календар. На него се гледаат четири хоризонтални појаси со врежани симболи карактеристични за ѕвездите, кои директно се однесуваат на промената на поединечни годишни времиња. Притоа не смееме да го заборавиме фактот дека оваа енеолитска култура создавала во периодот помеѓу 3000 и 2000 год. п.н.е. и завршила пред воопшто и да почне животот на археолошкиот локалитет Кокино.

 

За информацијата му благодарам
на проф. д-р. Никос Чаусидис

Bookmark and Share
За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
March 2008
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes