9th March 2008

Идентитет

posted in Лично |

 

Веќе некое време читам по блогосверата како се кршат копјата за индентитетот. Паднаа тешки зборови, препукувања и навреди од конспиративни заговорници, добри и лоши колумнисти, негатори и заљубеници во секакви -изми, практиканти на разноразни ?вештини кои гледат шпански серии за да завземат став кон црквата и (не)се (само)бендисани а сепак се чувствуваат хендикепирано и добиваат акутни напади на хуманост кога форвардуваат форвардувани пораки.

Овие пасивни и активни сонувачи, (не)верници во б(л)огови, (квази)интелектуалци, (анти)тоталитаристи и (а)цинично (не)расположени кои се само(себе)прозиваат – се реално (не)реални … Многу зборуваат, а малку прават.

За сите тие кои се су(е)верЕни, јадат пластични сендвичи, (не)знаат да фантазираат … кои се борат за (не)насилство, кои се (а)социјални, музички (не)потковани, кои кршат филмови и глумат вештачки воздишки, одат на бајачка наместо на гледачка и уништуваат шуми од нив да направат весници.

Кои се убици на арт-е-факти.

Ма за кој курац бе пишувам јас последните три години на интернет? А? Имате цела архива од преку 1000 текстови на моите три блога и два сајта да читате колку сакате за идентитетот на еден народ. Меѓутоа…

Очигледно е дека немаме потреба да го збунуваме непријателот со нашиот идентитет, бидејќи сме доволно збунети самите од себе си.

И за крај. На постот не се дозволени коментари. Ако сакаш да ми реплицираш тогаш стори го тоа на твојот блог или сајт. Направи ми услуга и кажи им на сите за ,,идентитетот” … на мојот блог-сајт.

Bookmark and Share

There is currently one response to “Идентитет”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On March 11th, 2008, Jас, лиценцата на Криејтив Комонс и една книга » Археолошки дневник vol.2 © said:

    [...] во овој случај, исто како и со постот за Идентитетот, луѓето едноставно мора да се навикнат дека постои и [...]

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes