2008 March 08 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
8th March 2008

Блогот како виртуелен артефакт

 

Прво да ја разгледаме тезата дали еден артефакт може да биде виртуелен.

Според многу дефиниции кои постојат за ракотворбите, артефактот претставува предмет кој човекот го направил или преправил и со него се користел во некое одредено доба или период. Артефактите можат да бидат готови или нус прозиводи добиени во технолошкиот процес на нивното создавање. Со кратки зборови - Артефакт е се што е man-made. Е сега оваа дефиниција под дифолт се однесува на периодот во кој не постоел интернетот, па мислам дека е редно за поместување на некои репери. И дефиниции. :)

Со напредокот на дигиталната технологија и самата создадена од човекот, мислам дека се руши границата на точната или вистинската дефиниција што е тоа артефакт, иако под тој термин се подразбира се што е физичко и може да се допре. Но дали ако некоја слика (како што се дигиталните фотомозаици) која е создадена со компјутерски процес и ја има само на Интернет, не е слика? Или артефакт?

На овие артефакти кои се настанати во дигиталниот свет и опстоујуваат во нивната автохтона средина како културен феномен на модерното опшество, сепак не може да им се намали нивното значење и функција, најмногу поради фактот што понекогаш имаат ефект и во реалниот свет. Тогаш што е вистина, а што реалност?…Наместо дебата своевремено напишав еден расказ, но кој како го свати. На крај заклучокот беше дека вистинска е онаа реалност која носи последици, сеедно од каков тип е таа.

Сепак, oтсуство на доказ (не) е и доказ за присуство … на артефактот.

Од друга страна секој артефакт има одредени атрибути според кои се категоризира, како што се основна морфолошка, техничка, стилска или функционална карактеристика. Така во блогот е содржано се што би можело да биде карактеристика за еден предмет, т.е. артефакт. Од денешна перспектива би можела да кажам дека се што е направено од човекот во физичкиот свет претставува аналоген, а се што е направено во дигиталниот свет, виртуелен артефакт.

Како што можам да забележам, единствениот линк помеѓу физичкиот и виртуелниот артефакт се човечките раце кои го создаваат и едниот и другиот.

Има виртуелни музеи. Има весници кои егзистираат само виртуелно. Зошто тогаш и блогот сам по себе како еден од многуте типолошки облици кои постојат исклучиво во дигиталниот свет, не би се третирал како виртуелен артефакт.


Текстот e поставен на Кајмакот. За постот можете да гласате тука.

 

напишано во Администрација, Археологија | 0 Коментари