Дома Археологија Како се справуваме со нелегалната трговија на нашето културното наследство

Како се справуваме со нелегалната трговија на нашето културното наследство

4,594 views
7

 

Се чудам како Република Македонија ќе прави презентација на археолошките локалитети кога нема направено ниту листа на најприоритетните локалитети кои се загрозени. А да не напоменам дека повеќето од нив се и прекопани од диви копачи.

Во однос на темата за Нелегалната трговија со културното наследство ќе се навратам на кратко за она што го напишаа медиумите во врска со откраднатиот кратер минатата година кој заврши во витрините на приватните колекции во Америка.

1. Државата на потег
2. Интерпол ќе го враќа кратерот од Кроешница
3. Македонија не си го бара културното наследство
4. Кузман ќе го враќа кратерот од Њујорк

Поинтересенo од сите овие написи ми се виде писмото на Марија Станковска-Ѕамали, докторант на Универзитетот „Париз 4″ во Сорбона и ќерка на Јовица Станковски, современиот пронаоѓач и истражувач на Кокино. Писмото е директна реакција на написот на Дневник од 05 февруари 2008, насловен како ,,Наши антиквитети во витрини во Америка“.

 

Секој антиквитет се избелува преку колекционерите и пред да дојде до крајниот купувач на Запад поминува низ најмалку 5-6 раце: 1. обичниот див копач; 2. некој домашен колекционер; 3. домашен трговец; 4. странски трговец (овој е најчесто од „поситните“ риби, некој што го знае Балканот, често и со потекло од таму) кој го носи предметот кај поголем (5.) трговец со антиквитети кој може да го однесе во (6.) аукционерската куќа која „измислува“ потекло на предметот. Секако помеѓу 1 и 4 може да има уште неколку играчи. А она за што Македонија треба да се грижи пред се’ е од 1 до 4. Во овој синџир најголема улога можеби играат колекционерите. Но, што е со домашните „Берлускониевци“?

Во прилог на оваа теза на Марија Станковска-Ѕамали можам да упатам на еден светски блог каде се води полемика за македонското откраднато културно богатство. Да биде трагиката поголема, луѓе кои не потекнуваат од оваа држава и кои не им е компетентно поле културното богатство на Република Македонија, зборуваат и пишуваат многу повеќе за него отколку некои структури во државава кои се задолжени и земаат плата од мене и од тебе за да се грижат за истото. Looting matters – Discussion of the archaeological ethics surrounding the collecting of antiquities e блогот на David Gill на кој генерално се дискутира за проблематичното светско културно богатство, но има прилепено и уште неколку блогови кои третираат теми од оваа област.

Главниот топик во последните неколку недели на овој блог каде се води жестока дискусија е токму Бронзениот кратер кој минататa година беше украден од Република Македонија и за многу кратко време се најде во Њу Јорк.

A Bronze from the Republic of Macedonia: a New York Link?
Loans: Checking Histories
The Koreschnica Krater
A Bronze Krater in the Levy-White Collection

Благодарам на сугестијата на еден читател на мојот сајт кој ми оставил коментар да го посетам овој блог, а кој сакал да остане анонимен. Претпоставувам дека веројатно неговата цел била да се заинтересирам за темата или евентуално да се вклучам во дискусијата.

Моите написи секако дека нема да го вратат откраднатото богатство на Република Македонија, но мора јавно да се пишува за ова ,,зло”. Сега кога веќе имам личен сајт на сопствена платформа, на било кој мој колега во секое време ќе му отстапам еден sub domain (imeto.arheo.com.mk) доколку е заинтересиран да пишува за македонската археологијата. Од мене ќе добие бакшиш готов сајт со стокмен дизајн. Но се сомневам дека ова ќе се обвистини посебно затоа што поголемиот дел од моите колеги се кукавици и тешко дека ќе истрпат критика од јавноста доколку го искажат гласно својот став со име и презиме, и притоа се принудени истиот да го бранат секој ден пред неколку илјадната публика на Интернет.

Би рекла дека за некои луѓе трагањето по идентитетот (од секаков тип) може да биде инспирација. Но и добар изговор за било што. Во моментите кога се нема никаков друг изговор.

 


Повод за постот: Британски археолози ќе ја геоскенираат Корешница


Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

7 КОМЕНТАРИ

  1. Iako mi e jasno deka ne e vozmozno da postoi dokumentacija za ukradeniot krater, sepak, dali voopsto postoi fotografija? Kolku sto sfativ od tekstot i komentarite na looting matters, kraterot e ispushten vo katalogot na kolekcijata, a vekje 4 godini e javno izlozen vo muzejot vo hjuston..?! Lugevo detalno go opisuvaat, potvrduvaat deka go videle pred mesec dena seushte izlozen.. pa, ke si puknam sto ne mozeme ni da vidime kako izgleda!

  2. […] и прекопани од томб рајдерите . Ова сведочи дека Македонија тешко се справува со нелегалната трговија …, а минорните филтрирани информации во медиумите не се […]

Leave a Reply to Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (1) » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име