Home Археологија What an idiots – UN peacekeepers vandalised ancient rock paintings

What an idiots – UN peacekeepers vandalised ancient rock paintings

1,254 views
0

Ако уметност стара 6000 години нацртана по беспаќата на карпите во Сахара и ставенa под заштита како светско културно богатство успеалa да бидe уништенa, што останува за оригинални артефакти поставени во сред град. Не постои медиум (освен македонските нормално) кој во последните месец дена не напиша сторија за овој настан. Меѓутоа да не постираше археологот Ник Брукс на својот блог и да не ги објавеше сликите во јавноста, не верувам дека одговорните во UN ќе ја признаеја вината, ниту пак дека Лондонски Тајмс ќе известеше за овој невиден резил. Ник Брукс (Nick Brooks) кој е дел од Western Sahara Project: Archaeology and Environmental Change in Arid North-West Africa, на својот блог за жал објаснува дека вандализирањето во Лајуад од страна на мировните сили на UN не се случува прв пат. Местото Lajuad дури и без оваа карпеста уметност е познато како археолошки локалитет, а Ѓаволската планина во која е сместен од локалното наслеление на Сахара е третирана како свето место со огромно културно значење.

Кириличните графити со руски имиња и она CRO доволно упатува на идентитетот, а богами и потеклото на неговите извршители. Графитите кои се нашкрабани со спреј и за кои мора да бидат повикани стручњаци од UNESCO за да ги отстранат, своето место си го најдоа и на FLICKR оставајќи фино сведоштво за и онака не баш светлата ситуациија со оној дел од Сахара за кој се тепаат Шпанија и Мароко.

Western Sahara has been at the centre of a bitter dispute since former colonial power Spain pulled out in 1975 and neighbouring Morocco invaded. UN peacekeepers were deployed in 1991 to monitor a ceasefire between Morocco and the Algerian-backed Polisario Front, which has been seeking independence for the territory.

Извори: BBC News, Times Online (31 January 2008), AFP (1 February 2008)


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here