Дома Артизани Археолошки експресионизам – Visualizing archaeological art

Археолошки експресионизам – Visualizing archaeological art

6,080 views
4

 

Прeд извесно време на Kајмак.от беше поставен мојот пост за Семинарот за 3D моделирање во археологијата и културното наследство со можност за стипендии. Оваа година ќе се случи таков вид на обука во Аскона, Швајцарија и сметав дека ако веќе ја имам информацијата би било пожелно и полезно да ја споделам со останатите во надеж дека (токму со помош на стипендија) ќе се најде некој кој би бил заинтересиран да продолжи во тој правец да се усовршува.

Во меѓувреме на кајмакот се разви дискусија за дигитализација на културното наследство. Мислам дека ми беше неуспешен обидот да објаснам што е разликата помеѓу дигитализација и визулелизација, а работата ми ја олеснија само тристоте карактери кои се дозволени да се внесат во еден коментар.

Со целосен респект кон вложениот труд на дечките од проектот CDNH и нивната работа која навистина ја ценам, сепак тие не нудат ништо повеќе од само технички решенија на археологијата и културното наследство. Сосема е поинаква перцепцијата и приодот на некој на кого тие му се работа. Терминот визуелизација е со многу поширок дијапазон од горенаведениот – дигитализација и да се креира визуелен модел на културно наследство е нешто поразлично од она кое кое го прават тие.

Digital photomosaic (100x100cm) of a Pentelic marble Metope (detail)

Низ интернетот можат да се сретнат многу поучни упатства кон можните решенија за овој тип на визуелна уметност. Еден од блоговите насловен како Visualizing Neolithic всушност е проект-блог кој вклучува црно-бели фотографии и лабараториска работа на фотографот Fotis Ifantidis, од моменталното археолошко ископување во Диспилио, Грција (1,2)

Официјалниот наслов на пример на познатиот Археолошки канал гласи Visualizing Archaeology on the World Wide Web. Веројатно дека Археологијата и нејзината визуелизација прилично добро ги има елаборирано археологот Michael Shanks чиј интерес се движи и на релацијата археологија-медиуми како дел од проектот ,,Визуелизација на знаењето“.

Да се визуелизира археологијата не значи само да се фотографира, туку и да помине цел процес кој вклучува на пример симулација, моделирање, обликување (со комјутер), потоа маслени слики, графики, дигитални фотомозаици кои ни ја менуваат перцепцијата и многу други работи. Еден од начините во потрага по алтернативни можности за разбирањето на релацијата визуелна слика —> физички објект е т.н. Археолошки експресионизам. Бидејќи сме одамна веќе станати визуелни општества, таа перцепција постојано се зголемува со геометриска прогресија, и наместо со текст, нашето внимание е преокупирано со слики чиј дијапазон е најразличен а го привлекуваат сите информации кои доаѓаат преку рекламите, телевизијата и интернетот. Веројатно најдобро ќе ви се разјаснат сите овие работи околу визуелизацијата на археологијата доколку го прочитате Манифестот: VISUALISING ARCHAEOLOGIES [PDF], на Andrew Cochrane & Ian Russell, во кој тие ја објаснуваат нивната долгогодишна работа на ова поле.

На изложбата насловена како The Partibility of Archaeology, Cochrane & Russell се претставија со дигитален фотомозаик кој ја опишува Јужната Метопа XXVII (~ 440 B.C) од Партенон на Акрополис во Атина, Грција која сега е лоцирана во Соба бр. 18 на British Museum во Лондон. Таа е само една од 32-те метопи кои биле позиционирани на јужната страна од Партенон каде на мермер биле склуптирално декорирани и опишани слики од Кентавромахијата митолошка битка помеѓу Lapiths и Кентаурите која почнала во Тесалија за време на свадбата помеѓу Peirithöos и Hippodaemeia. (Повеќе 1,2,3)

Reflexive Representations: The Partibility of Archaeology by Cochrane & Russell

И како за крај, воопшто не се сложувам со дефиницијата дека уметниците се натприродно вдаховени луѓе, допрени со божја рака за да ни ја пренесат некаква визуелна порака. Зошто мора да следам таму некои си дефиниции кои под дифолт се провлекуваат во сите можни енциклопедии. Независно дали се работи за слика или склуптура, моето мислење е дека уметност е секој материјален објект кој на нас ќе ни предизвика фокус на визуелно набљудување и пред се – уживање.

4 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име