2008 January » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
22nd January 2008

Реплика на постот за северно-американските индијанци

Реплика на Теренските белешки

Со терминологијата Индијанци постои проблем и во археологијата. Сите праисториски култури на тлото на Северна и Јужна Aмерика фигурираат како Пре-Колумбовски или уште попознато како Paleo-Indians cultures. Но сега тоа повлекува еден друг проблем. Како напредуваат истражувањата во САД, границата на најстарите култури се повлече на некои си 15 000 BP, кои според артефактите дефинитивно не се indigenous people, а постојат неколку теории како се доселиле на тој континент. Откако Индијанската популација на САД ојакна и почнаа да им се штитат правата, тие знаат дека не се најстарите цивилизации и не им одат во прилог овие истражувања.

Така антрополошкото праисториско стебло на популациите на САД е многу штуро што ме зачудувало со години, оти таму на големо ископуваат и прават секакви анализи. Кога работев на еден колаборативен проект во Словенија ми се придружи една колешка антрополог од САД која ме изненади што докторатот си го пријавила во Шкотска. Секако изненадувањето се должеше пред се што големи и се ограничувањата во однос на истражувањата на праисториските скелети кои се нејзин топик на интерес. И така муабетејќи на оваа тема дознав дека постои дури и закон кој на Индијанците им овозможува дали ќе дадат дозвола за DNK-анализа на некој скелет кој е BP. Со цел намерно да оневозможат проток на податоци кои би ги елиминирал како настара култура и со тоа им би се намалиле бенефициите кои ги имаат.

Во секој случај сметам дека теминот Paleo-Indians е делумно погрешен. Би го оставила само она палео кое соодејствува со типологијата на камените артефакти познати и на другите континенти. И е секако тема да понатамошни дебатирања.

напишано во Разно | 0 Коментари

22nd January 2008

:)

Technorati Profile

напишано во Разно | 0 Коментари

22nd January 2008

Ноќта спроти Водици

 

Во последно време со секој публикуван број македонското новинарство дожиува нов пад на интегритетот како средство за критичко размислување. На удар беа гатачите ака шарлатани-астролози. Деновиве не беа ништо подобри ниту новинарите од Вечер кои здиплија текст од Дневник, а овие пак го препишааа од Македонската Википедија.

Моментално он топик се актерите во две годишната латино-американски ориентирана серија со два продолжетока, на која за жал и дојде крајот. Оваа последнава модерна журналистичка сага, според датумот на дејствието слободно може да биде насловена и како ,,Ноќта спроти Водици“. Слично на истоветната пиеса на Шекспир која како и современава до некаде соодејствува со нејзиниот автохтон наслов (Она) што (го) сакате, но ,,за жал” - сепак е комедија. Постојат додуше некои ситни разлики кои можеме слободно да го занемариме, а тоа се фактите дека дејствието во оригиналот на Шекспир се случува на територијата на Илирија и војводата се вика Орсино, а не конт(ето) ,,Рамкин”.

И покрај тоа што генерално е познат мојот став за македонските медиуми (посебно оние кои пишуваат за културата), не може човек да остане имун на овие случувања бидејќи сепак се работи за луѓе на кои им се нарушени основните права на егзистенција во оваа држава. За другите права и да не зборувам. Каде е сега да ја прашам јас Мирјана Најчевска да скока тука и да ги брани. А? Дури и реакцијата на Блогот Комуникации кои се занимаваат со медиумите, ми се виде некако млака во однос на маченичкиот аџилак кој го поминаа вработените во дневниот весник Време во последните две години.

Чудна работа се ова празнициве во нашата држава. Посебно ,,некрстените денови“. Се прават некакви метании да се истераат лошите духови и годината да ни биде бериќетна. Ама како ни почна богами со рушење на империи, можеме слободно да почнеме да ги брендираме и да ги продаваме по светот. Кешки, може и нешто арно да излезе од целиот тој ,,лошотилак.”

напишано во Разно | 0 Коментари