Home Медиуми Ноќта спроти Водици

Ноќта спроти Водици

624 views
0

Во последно време со секој публикуван број македонското новинарство дожиува нов пад на интегритетот како средство за критичко размислување. На удар беа гатачите ака шарлатани-астролози. Деновиве не беа ништо подобри ниту новинарите од Вечер кои здиплија текст од Дневник, а овие пак го препишааа од Македонската Википедија.

Моментално он топик се актерите во две годишната латино-американски ориентирана серија со два продолжетока, на која за жал и дојде крајот. Оваа последнава модерна журналистичка сага, според датумот на дејствието слободно може да биде насловена и како ,,Ноќта спроти Водици“. Слично на истоветната пиеса на Шекспир која како и современава до некаде соодејствува со нејзиниот автохтон наслов (Она) што (го) сакате, но ,,за жал” – сепак е комедија. Постојат додуше некои ситни разлики кои можеме слободно да го занемариме, а тоа се фактите дека дејствието во оригиналот на Шекспир се случува на територијата на Илирија и војводата се вика Орсино, а не конт(ето) ,,Рамкин”.

И покрај тоа што генерално е познат мојот став за македонските медиуми (посебно оние кои пишуваат за културата), не може човек да остане имун на овие случувања бидејќи сепак се работи за луѓе на кои им се нарушени основните права на егзистенција во оваа држава. За другите права и да не зборувам. Каде е сега да ја прашам јас Мирјана Најчевска да скока тука и да ги брани. А? Дури и реакцијата на Блогот Комуникации кои се занимаваат со медиумите, ми се виде некако млака во однос на маченичкиот аџилак кој го поминаа вработените во дневниот весник Време во последните две години.

Чудна работа се ова празнициве во нашата држава. Посебно ,,некрстените денови“. Се прават некакви метании да се истераат лошите духови и годината да ни биде бериќетна. Ама како ни почна богами со рушење на империи, можеме слободно да почнеме да ги брендираме и да ги продаваме по светот. Кешки, може и нешто арно да излезе од целиот тој ,,лошотилак.”