2008 January 22 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
22nd January 2008

Археоблог, Кими и Новица во Радио Равел

На покана од Игор Анѓелков, авторот на емисијата Мезанин, на 23.01 (во среда) јас, Кими и Новица ќе гостуваме во Радио равел од 21 до 00 часот. Темите ќе бидат разнородни почнувајќи од блогот како медиум, па се до лиценците на Криејтив комонс и Слободниот Софтвер.

Пред тоа како што е редот, ќе појдеме во културниот центар Точка каде во рамките на Сподели кино овој пат ќе бидат предавања од 24c3, хакерската конференција која се одржа во Берлин на крајот на 2007 година. Така да ни се простува ако закасниме малку во Равел. Ќе пробаме да компензираме со добра музика која ќе ја понесеме, бидејќи ни беше предложено музичката концепција на емисијата да ја направиме самите ние.

Интернет линкот на Равел можете да го симнете тука, а ако некој има било какво прашање за кое смета дека треба да отиде во етерот, слободно нека напише.

напишано во Администрација | 0 Коментари

22nd January 2008

Добредојдовте!

Не знам дали е ова мојата последна виртуелна закачалка, но секако е следната етапа во моето патешествие кое траеше скоро 3 години по Интернет просторот.

Добредојдовте на мојот сајт за археологија.

напишано во Администрација | 18 Коментари

22nd January 2008

Реплика на постот за северно-американските индијанци

Реплика на Теренските белешки

Со терминологијата Индијанци постои проблем и во археологијата. Сите праисториски култури на тлото на Северна и Јужна Aмерика фигурираат како Пре-Колумбовски или уште попознато како Paleo-Indians cultures. Но сега тоа повлекува еден друг проблем. Како напредуваат истражувањата во САД, границата на најстарите култури се повлече на некои си 15 000 BP, кои според артефактите дефинитивно не се indigenous people, а постојат неколку теории како се доселиле на тој континент. Откако Индијанската популација на САД ојакна и почнаа да им се штитат правата, тие знаат дека не се најстарите цивилизации и не им одат во прилог овие истражувања.

Така антрополошкото праисториско стебло на популациите на САД е многу штуро што ме зачудувало со години, оти таму на големо ископуваат и прават секакви анализи. Кога работев на еден колаборативен проект во Словенија ми се придружи една колешка антрополог од САД која ме изненади што докторатот си го пријавила во Шкотска. Секако изненадувањето се должеше пред се што големи и се ограничувањата во однос на истражувањата на праисториските скелети кои се нејзин топик на интерес. И така муабетејќи на оваа тема дознав дека постои дури и закон кој на Индијанците им овозможува дали ќе дадат дозвола за DNK-анализа на некој скелет кој е BP. Со цел намерно да оневозможат проток на податоци кои би ги елиминирал како настара култура и со тоа им би се намалиле бенефициите кои ги имаат.

Во секој случај сметам дека теминот Paleo-Indians е делумно погрешен. Би го оставила само она палео кое соодејствува со типологијата на камените артефакти познати и на другите континенти. И е секако тема да понатамошни дебатирања.

напишано во Разно | 0 Коментари