2008 January 16 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
16th January 2008

Моментални изложби: Духовните традиции на Тивериопол

Веста за изложбата Духовните традиции на Тивериопол во Музеј на Македонија, со варијација на тема излезе скоро во сите весници и на по некој портал (1,2,3,4,5,6,7,8). Медиумите повторно без идејно, со видливо отсуство на било каква рецензија и копирање на реченици од флаерчето издадено по овој повод, ја покрија оваа дво месечна изложба. Отварањето се случи на 25.12.2007, а поставката може да се види до крајот на јануари.

Прво да го искажам воодушевувањето од упорноста на мојата колешка Маргарита Стаменова Атансова, археолог од Заводот и музеј Струмица, која и покрај борбата со ракот изминативе години успеа да раководи со дел од археолошките ископувања на територија на Струмица и да ја постави оваа изложба во координација со Ирена Колиштрковска-Настева од Музеј на Македонија.

На изложбата се опфатени конкретно наодите од три локалитети: Вељуса, Водоча и градското јадро каде се наоѓал средновековниот Тивериопол, сега под темелите на прочуената Орта џамија во Струмица. Концепциската замисла на изложбата опфаќа временска рамка од 4 век. пред н.е. до доцниот среден век, а дијапазонот на артефакти се движи од покуќнина, мегарски чаши со еротски сцени, тегови за разбој во разни големини, средновековни фрески и накит, се до архитектонски остатоци, претежно од римскиот и рано-христијанскиот период.


За изминатиов период додека траеја археолошките ископувања, одвреме навреме ќе се појавеше информација за одредени пронајдоци на некој од овие локалитети, како што беше случајот со мегарската чаша со сонце со 16 краци, а јас пред 2 години бурно реагирав на еден напис на Шпиц, кога беше пронајдена мегарска чаша со представа на Афродита, а тиe ја претставија како да се работи за статуа. Па добро, што знам, срам да ми е, разликата е мала и ептен неуочлива. :))))

Струмица, град со исклучително поволна географска положба како место каде се сретнале и прекршиле духовните и материјалните традиции на многу цивилизации, посебна улога имал во средновековието кога под името Тивериполис, во рамките на Охридската архиепископија прераснал во црковен епископски центар.

Најголемиот празник во Струмица и ден денес е Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици, кој градот го слави на 11. декември. Легендата за нив вткаена и на истоимениот археолошки локалитет, е составен дел од битот на некогашен Тивериопол, а денешна Струмица. Црквата посветена на овие светци, која се наоѓа во истоимената месност, содржи еден од најстарите фрескоживописи во Македонија, на кои се претставени овие светители.

Секако дека има уште многу да се зборува, посебно што налупав едно чудо линкови во постот. Но наместо тоа, јас ве поканувам да појдете до Музеј на Македонија, да ја видите и лично да ја доживеете оваа мала поставка.

 

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , ,

напишано во Археологија | 0 Коментари

16th January 2008

Ако ми дадеш

Според македонското радио Канал 103, македонскиот хит за 2007 година е ,,Ако ми дадеш“, на Бадмингтонс. Песна беше нарачана за потребите на филмот ,,Превртено” на режисерот Игор Иванов - Изи, за чија цел Бадмингтонс се реоформија и одржаа концерт во рамките на фестивалот Таксират. Оваа нумера е снимена е во 1995 година и е една од неколкуте студиски снимки на овој култен скопски панк бенд кој постоеше повеќе од 10 години.

 

Воопшто нема да бидам пристрасна (и покрај моите роднинско-пријателски врски) ако кажам дека концертот на Бадмингтонс беше еден од подобрите на Таксират ноќите во МКЦ. Покрај фотографии, направив и три кратки видео клипа кои можат да се погледнат на мојот канал на youtube (1,2,3), заедно со клиповите и на некои други корисници на овој сајт кои биле присутни на настанот. А за крај …

Јас и Кети на концертот на Бадмингтонс во МКЦ

Блогерите пишаа за Бадмингтонс (простете ако некого сум испуштила):

напишано во My 3.0 music box, Архео TV 2.0 | 0 Коментари