Home Археологија Oбука за подигање на фондови во културата

Oбука за подигање на фондови во културата

994 views
0

 

Оваa вест од пред некој ден ја пренесоа повеќе весници и портали (1,2,3), а се однесува на семинарот кој ќе се одржи во просториите на Mултимедијалниот центар „Мала станица“ од страна на здружението „Јавна соба“ од Скопје. Обуката ќе биде изведена во форма на семинар на англиски јазик.

Семинарот е наменет за организации и индивидуалци активни во полето на културата кои се заинтересирани за остварување на приходи од институционални донатори, а се фокусира на процесот кој е потребен за да се конципира и изготви една успешна грант апликација.

Првиот ден ќе биде модериран од страна на Зоран Петровски, кустос од Музејот на современата уметност, а ќе се однесува на планирање, таргетирање и содржина на предлог-проектот, додека вториот ден на пишување, изготвување на буџет и стапување во контакт, а ќе го модерира Ана Франговска, независен куратор. На семинарот ќе говорат: Дирк Еверс и Себастијан ван ден Бош од „BиD Funding“ од Холандија, Анмари Туерк од „Kultuur Kontact Austria“; Виолета Симјановска од ПАЦ Мултимедиа од Скопје, Дејан Убовиќ од „Културен Фронт“ од Белград и Александар Велиновски од Cultural Aid од Холандија.

Учеството на семинарот е бесплатно, но заинтересираните задолжително мораат да бидат регистрирани најдоцна до 25 јануари. Регистрацијата се врши он-лајн на адресата www.publicroom.org.

Додаток:

МАКЕДОНСКИТЕ ПРОЕКТИ НЕ СТИГААТ ДО СТРАНСКИТЕ ФОНДОВИ

Статијата на Кајмакот

Клучни зборови: , , , , , , ,

Previous articleБарака (1)
Next articleАко ми дадеш
Здраво. Моето име е Василка Димитровска, магистер по археологија, директор на ХАЕМУС и менаџер на културно наследство. Читаш оригинални текстови на мојот личен веб сајт. Ти благодарам и го ценам твоето време посветено на моите белешки.