2008 January 12 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
12th January 2008

Archaeologica presenta

 

Стоев под сводот од влезот на параклисот во Kariye џамија. Ја гледав таа монументалност од архитектура и бев маѓепсана од фреските во вид на мозаици, кои беа така живи, чиниш сега ќе излезат ликовите од нив и библиските сцени ќе се престорат во реалност. Во еден таков момент на наплив од емоции сложив еден SmS:

Ние сме се уште
поклоници на убавината
изведена од облиците
извадени од градината
на тајностите на животот.

За жал тој SmS не стигна никогаш до својот корисник бидејќи погрешно сум го запишала бројот. Ама остана во мојот inbox и сега го постирам овдека. Зошто, незапишано-неслучено.


p.s. за оние најупорните, фрескоживописот и архитектурата на параклисот личи на сликарството во една наша многу позната црква од Византискиот период.

напишано во Архитектура, Уметност | 0 Коментари

12th January 2008

Телeкабел ги лаже граѓаните

Покрај тоа што сум лишена да гледам A1 телевизија преку кабловскиот оператор Телекабел, исто така веќе со месеци имам проблем со програмите од оваа кабловската телевизија кои се со многу лош квалитет. Во последните три месеца згора на тоа секој ден немам од еден до неколку часа Интернет чиј провајдинг го вршат горенаведените. Интернет конекцијата ми е дупло послаба од поламегабитна врска, а кога ќе се јавам оправдувањата навистина не се за во јавност. Да не заборавиме и тоа дека сум редовен претплатник и си ги подмирувам сметките за Интернет, а од друга страна Телакабел се должни да излезат на терен кога нивните корисници ќе се пожалат дека имаат одреден проблем. Нестабилноста на нивната услуга со која се соочувам јас и станарите на зградата во која живеам во Аеродром се повторува континуирано со месеци. Телекабел досега не превземале мерки за негово решавање (пред се поради нивниот неодговорен однос кон корисниците) иако повеќе пати им е укажано за проблемите и писмено и усмено, за што имам доказ. На Телекабел попладнево им кажав дека ќе се обратам во А1 телевизија да се произнесам јавно за проблемите кои ги имам, при што инстантно ми беше прекината интернет конекцијата со саати, и така за прв пат во животот верувале или не - пишувам блог-пост од Интернет кафе.

Со оглед на тоа што на мојот блог сум излезена со име и презиме, ова може да се свати како јавна изјава и како таква слободно може да биде употребена од медиумите.

Со почит кон Телекбел, ама ми дојдоа преку ашимов.

напишано во Администрација | 0 Коментари