11th January 2008

Човечкото тело како културно наследство

posted in Лично |

Тебе посебно не мора да ти објаснувам дали знаеш што спаѓа во нематеријално културно наследство. Меѓутоа постои еден недопирлив дел од тоа наследство кое го генерира она допирливото и низ чија иницијација се постигнува нивна сублимација. Релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство е нераздвојна. Вистинското депо за едно наследство всушност е човечкиот мозок, а телото е само инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. Кога сме веќе кај телото, како посебна тема на мој интерес во овој контекст е: ,,Човечкото тело низ историјата како културно наследство“. Но не во смисол на мумиите, китењето и тетоважите и сл., туку како процес на инкорпорирање на нематеријалното (умот) во материјалното (телото).

Не можеме да го избегнеме невидливото наследство кое е вткаено во она видливото. Прашање е дали ќе го препознаеме?

Bookmark and Share

There are currently 2 responses to “Човечкото тело како културно наследство”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On September 30th, 2008, Четвртата димензија » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] Ако е времето четвртата димензија, тогаш веројатно петтата би била концептот за неговото создавање. Така синтезата на еден археолошки запис ќе се состои од место, време и човек. Зад секој предмет стои човек кој го создал. Неговата спиритуалност и мисли се заробиле во него и оставиле доволно отпечатоци во реалниот свет за да бидат дешифрирани. Но релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство (во овој случај предметите) е нераздвојна. Сепак би рекла дека вистинското депо за едно наследство всушност е човечкиот мозок, а телото е само инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. На добар пат да помислиме  дека и човечкиот идентитет може да претставува артефакт? [...]

  2. 2 On June 26th, 2009, Археогенетика » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] тело е микрокосмос, совршен инструмен. Артефакт. Човечкото тело е културно наследство, а нашата ДНК-та содржи и филозофска порака дека [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes