Човечкото тело како културно наследство
Тебе посебно не мора да ти објаснувам дали знаеш што спаѓа во нематеријално културно наследство. Меѓутоа постои еден недопирлив дел од тоа наследство кое го генерира она допирливото и низ чија иницијација се постигнува нивна сублимација. Релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство е нераздвојна. Вистинското депо за едно наследство всушност е човечкиот мозок, а телото е само инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. Кога сме веќе кај телото, како посебна тема на мој интерес во овој контекст е: ,,Човечкото тело низ историјата како културно наследство“. Но не во смисол на мумиите, китењето и тетоважите и сл., туку како процес на инкорпорирање на нематеријалното (умот) во материјалното (телото).
Не можеме да го избегнеме невидливото наследство кое е вткаено во она видливото. Прашање е дали ќе го препознаеме?
напишано во Мои размисли за... | 1 Коментар















