2008 January 08 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
8th January 2008

WWести од археологијата

 

Со или без внимание на македонските медиуми, во светот се случуваат откритија на полето на археологијата. Во недостаток на компетентни персони кои пишуваат на оваа тематика, можеби неколку линкови ќе им помогнат бар да преведат по некој текст од интернет. Во американската држава Охајо пронајдена е стрела од кремен стара 15 000 год. Ова е важно бидејќи до сега најстарата култура на територијата на САД беше определена на околу 13 500 - 14 000 BP. Американците имаат многу палеонтологија, а секако и арехологија, но сепак ,,патат” од недостаток за одредени периоди кои постојат во Европската праисторија.

По втор пат за стотина години познатото сликарството во пештерата Ласко е загрозено од габички кои се закануваат да ги уништат цртежите за кои се претпоставува дека се стари околу 15 - 17 000 години. За разлика од нас кои само зборуваме за заштита на културното наследство, Француската влада иако молчи, веќе започна да превзема мерки за негово санирање.

Археолозите открија дека Скандинавците ги измислиле првите лизгалки на снег околу 3000 год. п.н.е за да можат да се движат по замрзнатите беспаќа на Финска (1,2). Некаде во исто време (нивното бронзено доба) потекнува и древниот хенџ најден во Skåne, на југот од Шведска. Засега овој локалитет кој се протега на 2 ha, се води како најголемата камена структура во цела северна Европа.


А да, и за крај новогодишна честитка dedicated to all my beautiful macedonian journalist  who are writing about culure.Постои само еден начин македонски новинар за култура да засрами архолог, а тоа е:

Да најде искористен тампон и да праша: А ова на кој период припаѓа? :)))

напишано во WWWести | 0 Коментари

8th January 2008

The Weight of the World

Oваа песна и вториот албум на Editors ми ја означија последната четвртина од 2007 година, благодарение на Владо. Editors заедно со Apartment ми се се дефинитивно едни од поинтересните инди групи кои се појавиле во последниве неколку години на независната музичката сцена. Долго време трагав на Интернет за да го најдам оригиналниот спот за песната The Weight of the World, која е мој фаворит, но претпоставувам дека не е достапен затоа што и самата песна се уште не е исфрлена како официјален сингл. Наместо него, постирам еден homade видео клип кој го направил нивни обожаветел и го поставил на својот канал на youtube.

 

Албумот можете да го симнете тука.

напишано во My 3.0 music box | 0 Коментари