Home Археологија You have been google watched through the macedonian carpet

You have been google watched through the macedonian carpet

1,622 views
2

 

Оваа фотографија насловена како ,,Македонска черга” ја позајмив од сајтот на Проектот Растко – Македонија. Но доколку го користите google earth, тоа е многу честа слика доживеана низ визирот на оваа програма. Посебно за земји како Македонија каде се уште за поголем дел од територијата нема поставено добра резолуција.

За програмите Google Earth и Google maps е веќе доволно пишувано. Со Google Earth & maps можете да ја испланирате траекторијата на вашето патување, да пронајдете некоја институција или да го видите местото каде што ќе одите на летување. Во што е предноста на овие програми кога се археолозите во прашање?

Во тоа што сателитеските снимки кои се во 3D одлично ја прикажуваат хоризонталната стратиграфија, на за сега постоечките внесени локации. Совршено реално барем за еден археолог, кој доколку користи аеро снимки или т.н. орто фотографија, би морал истите тие фотографии ако сам ги работи, да ги изреализира преку најмалку три програми за да го добие она кое што го има на тацна и е веќе прикажано на google мапите.

Од мојот пост I have been google maped?!!

Ова си има свои предности, но и слабости кај ,,недоработените” региони. Слабоста е што е скоро невозможно со оваков тип на резолуција да детектирате било каква трага од археолошки локалитет. Предноста е што во секој момент можете да добиете слика како оваа и уметнички да ја обликувате. Епа драги мои археолози, можеби не е лошо пред да не ,,сними” google earth, да си ги испробатие вашите уметнички квалитети во полето на археологијата. Because after that we will not be only google mapped. We will be google watched.

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here