Lets play it a DADA
напишано во Uncategorized | 0 Коментари
Драги мои пријатели, читатели, блогери, роднини и попатни минувачи низ мојот блог. Оставам зад себе уште една успешна година на блогирање и се надевам дека ќе се дружиме и понатаму. Ви благодарам на сите кои ме читавте и коментиравте. Драго ми е ако едни од други научивме уште по нешто ново, кое не сме го знаеле претходно. Јас заминувам од државава на кратко, на едно место каде се бакнуваат Истокот и Западот. На сите ви посакувам следнава година да имате илјадници причини за насмевка, а ниту една за тага.Ви посакувам да ги искористите сите можности кои ви ги дава животот, да бидете посреќни, подобри во секој поглед, помудри, повредни и покорисни.Да давате и да примате многу Љубов, Мудрост, Добрина, Радост и Сочувство.
Но најмногу од се ви посакувам да имате добро здравје и засекогаш да бидете свесни за квалитетите кои ги поседувате. Иако се уште не е Божиќ, сепак нека биде Христос во вашите срца, а мир со вас каде и да сте.
Срдечно
Среќна Нова 2008
Shostakovich - Second Waltz
напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари
За сите овие години од постоењето на независноста на Македонија, по се изгледа дека we get lost in the translation of our transition. Воопшто ништо не се реши на политичко поле, со оглед на тоа дека вечерва во 00:00 часот за некои падна, а за некои се прошири шенгенскиот ѕид. Не треба да имаме ниту дилема околу ,,извесноста” од добивањето покана за членство во НАТО, туку околу ,,свесноста”.
Според видео клипов, постојат многу начини една држава да си ги прошири своите граници во рамките на НАТО и Шенген зоната. Тоа проширување во просторот некои го сметаат за политка … а некои за уметност. За кого како…
напишано во Политика, Уметност | 0 Коментари