Home Археологија Писмо до господинот премиер (2) – сакам и јас од 60-те тони...

Писмо до господинот премиер (2) – сакам и јас од 60-те тони книги за археологија

805 views
0

Ова е преводот на писмото кое во оригинал можете да го прочитате тука. Поводот заради кој го постирам повторно е одлуката на Владата за финансирање на 60 – тома книги од македонската археологија.


Драг господине Премиере, мислам дека е редно време да добиете извештај од сите активности кои ги сработивме во последните неколку години по повод археолошките ископувања, истражувања, семинари, симпозиуми и работилници кои се одржаа под спонзорство на Владата на Р. Македонија.

Конечно и ние станавме познати по некој владетел. Не сме криви што Византискиот имератор Јустинијан I се родил во близината на Скопје, во денешен Таор. Сепак е Марково Крувче поблиску од Таор, па се нафативме систематски да го ископуваме. За кратко време како последица од културниот туризам го добивме и првиот македонски бренд по кој сме распознаени во светот – Крале Марко. Крале Марко во Скопје, а не во Прилеп? Ви се молам, тука не е место за такви дебати.

Локалитетот Тумба Маџари од култ(ур)на нива, ја направивме етно-музеј под отворено небо. Доаѓаат многу туристи од цел свет. Продавањето ќебапчиња во ресторантот не ни беше планирано, но ако може Тумба Породин да ја има првата плескавица, зошто ние да немаме Праисториски Дестан.

По многу перипетии успеавме да се ставивме на мапата на светот, со финансиската инекција што ја добивме за правење на соодветни web страници на музејските институции. Го преплавиме толку многу интернетот со текстови за Македонија, што дури и грчкиот домејн macedonia.com некако се изгуби помеѓу пребарувачите.

Во меѓувреме постигнавме и одлични резултати на светско ниво со Центарот за дигитална археологија. Велат дека сме првата држава на земјината топка која има комплетно дигитална теренска документација.

Конференцијата што се одржа во с. Велестово под наслов ,,Македонија, лулка на хоминидите” помина многу добро. По некоја искршена чаша, пукната аркада и повредена суета … но секако дека тоа нема да го публикуваме во книгата по повод овој настан.

Како што можете да видите, ние имаме многу сработено, но поради високиот рејтинг на владата, граѓаните некако го подзаборавија и го ставија во втор план сопственото културно наследство. Почнаа се помалку да се инетресираат за него.

Знаете господине Премиере,

кога последен пат имавме допирна точка со политиката, тоа беше кога не повикаа цел тим да го составиме телото на еден политичар. Замислете моравме да работиме заедно со антроплозите и со историчарите. А, кутриот тој беше разбашкарен. Башка му беше главата, башка тело, башка екстремитетите. А башка беше пронајден на приватен имот купен на веќе одамна заштитен и дефиниран археолошки локалитет. Мислам дека изостана апсолутното датирање во некоја од светските лабаратории, но временскиот период по наодите се поклопи со културниот слој Пенов1б/2а.

Се надевам дека со овој извештај си добивме кредит за уште поголем финансиски бонус.

Со почит до вас 400-те дипломирани археолози, по некој доктор на науки и ракатка магистри од ,,Виртуелниот” Археолошки Институт на Република Македонија..


п.с.  А книгите.? Па нели вие ветивте дека ќе финансира објавување на 60 тома македонска археологија (која и онака по закон мора да се публикува), ќе помогнете да се издаде по една книга од сите археолози кои во последниве 10 години раководеле на локалитетите и ќе направите превод на околу 500 книги?! за археологија кои се користат на петте најпознати универзитети во Англија, САД, Франција и Германија. Епа – незапишано, значи ништо од ова неслучено.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here