Дома Антропологија Музеи – Музејот на Пит Риверс, Оксфорд

Музеи – Музејот на Пит Риверс, Оксфорд

2,366 views
0
Пит Риверс е англиски археолог од крајот на 19 век, иако неговото претходна служба била како офицер во Британската армија. Тој е еден од клучните фигури за развојот на методологијата и тоа кога археологијата како наука се уште била на аматерско ниво.

Благодарејќи на големината на Британското колонијално царство тој добил прилика да истражува многу земји и да колекционира антиквитети од целиот свет кои ги складирал на својот имот правејќи на тој начин јадро на музејот кој е денеска сместен во Оксфорд и го носи неговото име. Приходот од својот имот го искористил да запосли огромен број на археолошки помошници кои по завршувањето на неговата кариера оделе со него на ископувања и работеле на материјалите. Со методологијата која за тоа време била иновантна (ги бележел сите наоди во слојот заедно сосе нивниот контекст) успеал и да публикува многу дела каде буквално запишал се што успеал да сработи.

Музејот на Пит Риверс во Оксфорд е еден од најфреквентните објекти за посета во овој англиски град кој е познат и по многу други нешта. Ви препорачувам да отидете на Виртуелната тура низ овој фантастичан музеј за археологија, антропологија и етнологија кој на времето содржел 18 000, а сега преку половина милион експонати и да ги погледнете панорамите кои имаат одличен зум. Можете дури и да бирате од кој спрат ќе почнете со прошетката.

На крај краева можеби и ќе препознаете предмети кои се доста слични на оние што сте го виделе кај баба и дедо на село.

Претходни текстовиБарам спонзорство
Следни текстовиВреме на хенџови
Археоошки дневник е првата веб страница во македонскиот интернет простор посветена на археологијата како наука. Сајтот во континуитет постои од 2005 со цел едукација, промоција, интерпретација и популаризација на богатото македонско културно наследство.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име