Дома Археологија Археологија – блиску сме да го достигнеме дното

Археологија – блиску сме да го достигнеме дното

1,688 views
0
На изминатиот симпозиум на ЕАА (за кој не напиша ниту еден медиум), при отварањето имавме прилика да видиме листа на развиеноста на археологијата во Европа, по земји. Како што и самите можете да видите Македонија се наоѓа во последниот дел од табелата. Но драги мои, ова не е Евровизија, ова е нашето присуство со културното богатство на мапата на Европа.


кликни на сликата за поголема резолуција

Не треба да се бега од вистината, треба да се соочиме со неа. Не треба да се радуваме на кампањските пари кои се даваат во археологијата, бидејќи непобитен факт е дека сегашниов процут (во теренски симсол) се должи пред се на моменталната влада и нејзиното разбирање за потребата од една наука како археологијата. Што ќе се случи кога оваа влада ќе замине? Испаѓа дека кај нас археологијата не е дури ни political tooll, оти да беше така одамна ќе го изборевме своето место во раскошниот свет на предметите.

Археологијата е наука која игра на долги патеки и потребно е долгогодишна и континуирана работа, за да после неколку години се видат резултатите. Пред некој ден добив еден зајадлив коментар од некој читател на постот за Тотална станица и судејќи по вокабуларот можам ,,само да претпоставам” дека се работи за незадоволен студент по археологија. Ваквите коментари секогаш со големо внимание ги читам.

Обичните луѓе кои се заинтересирани за археологијата немаат простор каде би го кажале своето мислење, а би требало да го имаат. Гласот на народот секогаш бил поверодостоен отколку три страници научен текст. Но по телевизиите не можат да го кажат своето мислење затоа што термините на овој медиум се пребукирани за се друго и со се друго, освен со граѓаните за кои и се наменети , а весникот е премал простор лимитиран од многу причини. Затоа како една од алтернативите го гледам блогот, или неговата пософистицирана варијанта веб сајтот. Тој треба да послужи како една спрега помеѓу сите оние луѓе кои ја сакаат, кои делумно или целосно се разбираат од археологијата и на крај краева кои треба да се идентификуваат со таа археологија во оваа земја.

Конкретно, oвој блог меѓу другото постои за да биде една интерактивна алатка помеѓу светот на археологијата и за тоа како луѓето, обичните граѓани ја перцепираат истата. Тоа според мене е многу позначајно отколку некој археолог да биде пофален во некој весник од некој министер, што ќе го сменат док трепнеш.

Знам дека Археоблог веќе одамна го читаат од студенти по археологија, до колеги кои работат по музеи и професори на факултет. Го читаат средношколци, мои пријатели, роднини и познаници, а англиската верија ја читаат археолозите од други земји на кои сум им ја дала мојата интернет адреса.

Нема друго чаре. За сите кои ја сакаат археологијата или работат со неа – ,,Отварајте си блогови. Зошто ако веќе не нема во пишана форма, барем да не има во електронска верзија на мапата на светот”.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име