Home Археологија Центар за дигитална археологија и заштита на културното наследство

Центар за дигитална археологија и заштита на културното наследство

1,095 views
0

Како највисоки институции кои колегите археолози се стремат да ги формират со дигиталниот начин на археолошкото водење на документација, се центрите за Дигитална археологија.

Некои од дејности на овие Центари за дигитална археологија се:

-Производство и адаптација на хардверот за потребите на културното наследство;

-Развој и дистрибуција на софтверски решенија на документацијата во археологија;

-Изработка на интерактивна теренска документација и презентација;

-Изработка на ЦД и Интернет презентација на културното наследство;

-Дигитализација на архивската документација (текст, теренски планови и цртежи, фотодокументација);

– друго…

Еве еден податок кој го ,,ископав” од интернет, од сајтот на Минстерството за култура.

УНЕСКО е посебно заинтересиран за финансиска и експертска поддршка на процесот на дигитализација на културното наследство во РМ и за формирање на специјализиран Центар за дигитализација на културното наследство и негово умрежување во Републиката и со регионот.

За таа цел, РОСТЕ финансиски со 29.000 $ и со експерти од Италија, носители на проектот за дигитизација “МИНЕРВА” поддржан од Европската комисија, ја помогна реализацијата на Регионалната средба за дигитизација на културното наследство која се одржа од 17 до 20 март 2005 год. во Охрид. На средбата присуствуваат експерти од областа на заштитата од Србија и Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Босна и Херцеговина, Македонија и претставници од РОСТЕ – УНЕСКО. Непосреден носител на средбата беше Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура.

Семинарот претставува всушност прва фаза од Предлог – проектот за дигитализација на културното наследство предложен од Националната комисија на УНЕСКО на РМ во 2003 година и доставен до Генералниот директор на УНЕСКО за време на неговата официјална посета во нашата земја, како и за време на 32-то заседание на Генералната конференција.

Линк до информацијата

Што е проблемот во застојот да се продолжи овој проект? Т.е. би рекла каде е застојот? Мислам дека ќе беше убаво претходниот Министер за култура на Република Македонија – Илирјан Беќири, да даде одговор на ова прашање. Доколку образложеше дел од проблемот, тој ќе беше постиран на блогот во неизменета форма. 🙂

Но министерот пред да ми одговори на моето писмо поднесе оставка по скандалот со претставата Тито…Живо ме интересира дали неговиот заменик господинот Џемаили ќе има појма што пишувам, зборувам и бладам овдека, со години на блогов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here