Дома Археологија Заминувам на годинешниот симпозиум на Европски археолози

Заминувам на годинешниот симпозиум на Европски археолози

2,702 views
5

 

Во обид да ставиме дел од археолошкото богатство на Македонија на мапата на светот, јас и уште неколку колеги заминуваме во Задар каде годинава ќе се одржи 13 собир на археолозите од Европа и од поголемиот дел на светот. За прв пат од нашата земја има дури 6 луѓе, вклучувајќи ме и мене, кои ќе настапат со свои теми, тези и презентации и сметам дека присуството на археолозите од Македонија иако во минимален број, сепак е огромен успех.

EAA 2007 Zadar

Инаку ЕАА (European Association of Archaeologists) е една од најсериозните организации во сферата на археологијата. Од своето основање во 1994 година, таа за само неколку години стана значаен субјект во друштвено-политичкиот живот на Европа, што го наведе Советот на Европа да ја признае како свое официјално советодавно тело за археологија. Заслугата за спасувањето на бројните археолошки локалитети ширум Европа се должи токму на ангажирањењто на ЕАА. Таков беше и неодамнешниот случај со илирските бродови во Босна кога колегите од оваа држава во финансиска и техничка немоќ да ги спасат, се обратија за помош на европските археолози. Целата постапка ја водеше проф. Предраг Новаковиќ од Љубљана, инаку мој ментор, коj е еден од основачите на ЕАА и член на официјалниот борд. Како што наведов во претходниот пост, темата со која ќе настапам носи назив ,,Transitional archaeology in transitional country“. Со неа давам еден преглед на динамиката и развојот на македонската археологија во последните 20 години, од времето кога таа е дел од некогашната ex-Југославија, па се до денеска. Заклучоци кои ги изведов се базирани на релевантни научни статии. Сите останати релации на тема (електронски) медиуми-археолошка наука ги изземав од текстот и имам намера да бидат предмет на некое мое посебно идно истражување.

5 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (2) » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име