Заминувам на годинешниот симпозиум на Европски археолози » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
16th September 2007

Заминувам на годинешниот симпозиум на Европски археолози

напишано во Архео1 |

 

Во обид да ставиме дел од археолошкото богатство на Македонија на мапата на светот, јас и уште неколку колеги заминуваме во Задар каде годинава ќе се одржи 13 собир на археолозите од Европа и од поголемиот дел на светот. За прв пат од нашата земја има дури 6 луѓе, вклучувајќи ме и мене, кои ќе настапат со свои теми, тези и презентации и сметам дека присуството на археолозите од Македонија иако во минимален број, сепак е огромен успех.

EAA 2007 Zadar

Инаку ЕАА (European Association of Archaeologists) е една од најсериозните организации во сферата на археологијата. Од своето основање во 1994 година, таа за само неколку години стана значаен субјект во друштвено-политичкиот живот на Европа, што го наведе Советот на Европа да ја признае како свое официјално советодавно тело за археологија. Заслугата за спасувањето на бројните археолошки локалитети ширум Европа се должи токму на ангажирањењто на ЕАА. Таков беше и неодамнешниот случај со илирските бродови во Босна кога колегите од оваа држава во финансиска и техничка немоќ да ги спасат, се обратија за помош на европските археолози. Целата постапка ја водеше проф. Предраг Новаковиќ од Љубљана, инаку мој ментор, коj е еден од основачите на ЕАА и член на официјалниот борд. Како што наведов во претходниот пост, темата со која ќе настапам носи назив ,,Transitional archaeology in transitional country“. Со неа давам еден преглед на динамиката и развојот на македонската археологија во последните 20 години, од времето кога таа е дел од некогашната ex-Југославија, па се до денеска. Заклучоци кои ги изведов се базирани на релевантни научни статии. Сите останати релации на тема (електронски) медиуми-археолошка наука ги изземав од текстот и имам намера да бидат предмет на некое мое посебно идно истражување.



Моментално се2 одговори to “Заминувам на годинешниот симпозиум на Европски археолози”

Ако сакаш да го знам твоето размислување за оваа тема, тогаш остави го преку коментар! Твоето мислење е важно исто како и секое друго.

  1. 1 На June 6th, 2008, Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (1) » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Напиша:

    […] Текстот е преработка на дел од темата ,,Transitional archaeology in transitional country“, со кој настапив на последниот симпозиум на Европските Археол…. […]

  2. 2 На June 10th, 2008, Политика на археолошки ископувања кај една земја во транзиција (2) » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Напиша:

    […] Текстот е преработка на дел од темата ,,Transitional archaeology in transitional country“, со кој настапив на последниот симпозиум на Европските Археол…. […]

Коментирајте