Home Археологија Археоблог и Собранието на Република Македонија дискутирааат на иста тема – Законот...

Археоблог и Собранието на Република Македонија дискутирааат на иста тема – Законот за заштитата на културното наследство

1,801 views
1

 

Читам дека пратениците во Собранието на Република Македонија на 14.09.2007 година зборувале за измените во Законот за заштитата на културното наследство кој тој ден бил на дневен ред во Парламентот. Баш чудна коинциденција. Јас моментално се спремам да појдам во Задар на најголемиот светски (иако е насловен европски) собир на археолозите каде што наредната недела ќе зборувам за македонската археологија. Имено, мојот научен текст насловен како Transitional archaeology in transitional country во неколку наврати ја допира истата тема за која дискутираат пратениците, а тоа е дека сегашниот Законот за заштитата на културното наследство ги ограничува и омаловажува археолозите, од друга страна давајќи им голема слобода на престапниците да се движат низ него. И секако со помош на новинарите да стануваат медиумски ѕвезди.

Законот за заштитата на културното наследство стигна конечно во Парламентот, ама стигна и на дневен ред на годинешниот симпозиум на Европските археолози. Искрено, мене ми е поважно мислењето на луѓето кои цел живот се бават со археологија, отколку мислењето на пратениците на кои тоа им е работа само 4 години, за потоа да имаат трајна амнезија и да заборават што кажале, каде потпишале и за кого се изјасниле. И наместо да ја откопаат, да ја закопааат македонската археологија следните неколку години, додека пак не стигне на дневен ред на некоја друга седница на Собранието на Република Македонија пред некоја друга група на пратеници.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here