Home Археологија Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не?

Скопско кале – галерија на наоди – И предметите зборуваат зар не?

2,098 views
4

 

Дали и како предметите зборуваат е еден од најголемите предизвици за археолозите. Од ископан предмет за да се дојде до конечен текст, не е само обична интерпретација на минатото. Тука треба да се вметнат многу фантазија, креативност но и една теориска перспектива на археолошките истражувања. Ова е поради фактот што ние денеска имаме различно гледиштате и однос кон податоците, друштвата, но и материјалната култура чија база се токму предметите. Светогледот на старите цивилизации верувале или не бил илјадапати поголем, поширок и подлабок од овој денешниот. Но не значи дека формата на предметите секогаш се поклопувала со нивната функција. На пример обликот на праисториските предмети честопати не ја одредува со сигурност и нивната намена, а од друга страна едностраните проучувања на предметите не се секогаш доволни да се создаде слика за активностите на еден локалитет, населба, одредена култура, град или цивилизација.

Тоа е огромна и напорна работа која понекогаш бара повеќегодишно истражување, бидејќи од своите праисконски почетоци вечната енигматска игра на нивните облици била: на кој начин луѓето од старите цивилизации ја остварувале комуникација со предметите што ги опкружувале, дали ги употребувале во својот секојдневен живот, при своите ритуали итн?

Класификација по категории

Воглавном предметите можат да бидат поделени во три групи. Едната група ја сочинуваат така наречени утилитарни предмети, кои постојано биле употребувани за разни потреби и ја сочинуваат базата на древните економии. Другата група се украсни предмети со огромна палета за нивната употреба, меѓу кои накитот завзема најголемо место. А третата група се култните, односно предметите кои се употребувале ,,веројатно” (но не секогаш потврдено) при некои тајни процесии и ритуали, понекогаш пропратени со невообичаено мистериозен и честопати неодгатнат дизајн за времето во кое настанале.

Трудејќи се да избегаат од секојдневниот шематизиран и шаблонизиран приказ и обидувајќи се да го реконструираат некогашното минато, археолозите едноставно мора да пробаат да ги оживеат предметите со што им даваат една доза на суштественост, правејќи ги пореални, а со самото тоа и поблиски до нас. Задачата да се детерминираат за што тие служеле можеби и не изгледа толку тешка во споредба со тоа колку што е проблематичен пристапот ако не бидат пронајдени други докази. Така понекогаш треба да се направи реконструкција на секојдневниот живот на изумрените култури само врз база на предметите, а тоа може да биде долготраен процес.

Предметите зборуваат

Како археолози за жал ние не ги набљудуваме друштвата кои ги проучуваме, не ги читаме забелешките и не можеме да ги слушнеме прикаските за тие луѓе. Она со кое што располагаме (со исклучок на историските извори за некои периоди) се помали или поголеми збирки на материјални фрагменти кои тие ги оставиле зад себе. И не постои директна врска помеѓу предметот кој го проучуваме и нашето совремие. Таа врска мораме да ја воспоставиме ние самите. Да се создадат веродостојни прикаски само врз основа на материјалните фрагменти е голема интелектуална работа, но и креативно толкување на проблемот кој го имаме пред себе.

Патот од материјалните докази кои ги оставило минатото, до прикаската која врз основа на тие фрагменти се пишува е тежок, исто како што е трновит преодот од археолошкото ископување на предметите, па се до нивното конечно интерпретирање и обликување во вид на текст.

Скопско Кале – галерија на наоди

Една галерија од наоди е и за сега виртуелниот музеј на ископаните предмети од локалитетот Скопско Кале. Калето кое се наоѓа на географска раскрсница (и физичка и духовна) помеѓу Истокот и Западот, скоро од секогаш било населено. На овој multyleyer локалитет оставила трага секоја од цивилизациите на дамнешните луѓе кои живееле или биле присутни на територијата на градот Скопје во одреден временски период.

Што ни зборуваат предметите? Тие како сведоци на еден период временски или територијално запечатен во минатото, се обидуваат од себе да го симнат превезот на вечната мистерија со која се обвиткани. Податоците ќе патуваат долго, давајќи ни притоа пропратни информации за нивниот живот и верувањата. Ве поканувам да ја разгледате оваа галерија. Можеби и вие ќе имате мотив да напишете по некоја прикаска.

Линк: Скопско кале – галерија на наоди

Препорачани текстови:

4 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here