Home Археологија Антиреакција на: Скулптура на Артемида скриена за да се продаде

Антиреакција на: Скулптура на Артемида скриена за да се продаде

713 views
0

Откопал селанец во својата нива статуа од големо значење за Културното наследство на Македонија (вредна како и секој друг археолошки премет), си ја чувал дома мислејќи дека добро ќе ја продаде и на крајот наместо надокнада добил кривична пријава и условна затворска казна, како олеснителна околност дека ова му се случува првпат.

Извор: Вест

На територијата на нашата држава (како што e пoвеќепати изјавено) досега се откриени повеќе од 5000 археолошки локалитети на кои постои изобилство на археолошки материјал значаен како за културното наследство на Република Македонија, така и на Светското културно наследство.

Со оглед на актуелната економска состојба во Република Македонија во овој транзиционен адолесцентен период кој трае нешто повеќе отколку кај просечен тинејџер, очигледно е дека Владата и Министерството за култура немаат доволно средства за заштита на сите овие археолошки локалитети. Поради ваквата лоша економска состојба и незаштитените локалитети, во последната деценија се разви масовна појава на диви ископувања на истите со што неповратно се уништуваат предмети со непроценлива културна и историска вредност.
   
Би забележала дека досега на полето ,,Подигнување на јавна свест кај населениото за културното наследство” нема никаква заинтересираност ниту кај владиниот, а ниту и кај невладиниот сектор, иако постојат и делуваат голем број на НВО-а од областа на културата. Баш ме интересира како тоа тие делуваат со години со проекти кои ,,тежат” во вистинска смисла на зборот, а локалното население кое живее во близина на археолошките локалитетит ниту е информирано, а уште помалку едуцирано за вредноста во нивната околина. Не сакам ни да го отворам прашањето за пристапување кон подигнување на нивната т.е. целокупната јавна свест за културното наследство. Одамна многу работи се јасни со луѓето кои работат во ,,полето на културата”.

Најголемиот дел од овие археолошки локалитети се наоѓаат во близина на рурални населби каде што населението е со низок степен на образование и претежно се занимава со земјоделие. Населението во овие населби не е доволно информирано и не е свесно какви вредности од културно и историско значење има во својата непосредна околина.

Наместо толку пари фрлени по бесмислени проекти, работилници и семинари, книжулчиња преку кои се испрале пари и лигави налицкани брошурки кои не кажуваат ништо, потребно е да се отиде кај сите овие луѓе и да им се држат макар и најбанални предавања од типот: ,, Како да се грижите за своето културно-историско наследство и да се гордеете со него, бидејки тоа треба да остане и на генерациите кои доаѓаат“.

Побогу луѓе. Па тие сигурно немаат време да седнат да го читаат мојот блог за да се едуцираат, туку треба да се пристапи во обратна насока.

Затоа во овој случај не знам кој на кого треба да му даде пенал, граѓаните на државата или обратно.


Како уште еден пример за неедуцираност на граѓаните ќе го наведам случајот со откриени и уништени доцноантички питоси во близина кое се случи пред два дена во селото Опила, општина Ранковце.

Питоси (глинени ќупови) од доцноантичко време се ископани, а еден, поради незнаење, е целосно уништен при градежни работи за поставување интернационален далновод во близина на црквата „Свети Никола“ во селото Опила, општина Ранковце.

Извор: Време

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here