Дома Археологија Дали недостатокот на археолози е причина што во Македонија нема археолошки ископувања

Дали недостатокот на археолози е причина што во Македонија нема археолошки ископувања

1,285 views
0
Би сакала да знам од каде им е на Канал 5 податокот дека недостатокот на археолози е дополнителна причина за проблемот што во Македонија цели 6 илјади локалитети покриваат едвај 50 археолози. Јас би рекла дека проблем е недостатокот да, но не недостаток на археолози, туку недостаток на вработени археолози. Срамота е да се каже дека на толку археолошки локалитети, еден куп на дипломирани колеги, магистри и доктори на науки, има само 50 вработени археолози. Подобро Канал 5 ич да не ја почнувале прикаскава, бидејќи како и сите нивни други стории не верувам дека ќе ја продолжат до крај. Просто затоа што немаат капацитет да се носат со целава оваа работа.

Од друга страна се уништуваат 33 Археолошки локалитети во должина од 57 км, државата молчи, а 400 невработени археолози немоќно гледаат како дел од светското колективно наследство го снемува засекогаш. Ова е голема можноста државата да ја покаже почитта кон археолозите, обезбедувајќи им доволно средства да си ја сработат работата најдобро што знаат и умеат.

Инаку, со оглед на вработеноста, не гледам дека оваа држава е user friendly кон археолозите. Toa e само еден од фактите зошто јас на пример 10 години (уште додека бев студент) поминав по терени на Балканов тезгарејќи и работејќи за други држави и други институции притоа во неможност да го верификувам својот труд, бидејќи кај таквите проекти се знае дека носителите на истите го имаат интелектуалното право за објавување на материјалот. Не прашала ли мене и уште неколку колеги со слична судбина државава како ни е сите овие години како археолози-печалбари?!

Сметам дека е ова тема за која треба озбилно да се размисли кога ќе се земе во предвид бројката од 5-6000 локалитети. Шала на страна, тоа е огромна бројка дури и за мала држава како Македонија и заслужува многу повеќе сериозно внимание од дестетте реченици на ТВ Сител и двете на Канал5.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име