Home Аквадуктот во Скопје (серијал) Општина Бутел реагира на моите постови за Аквадуктот

Општина Бутел реагира на моите постови за Аквадуктот

873 views
0

 

Конечно некои од моите постови допреа до Бутелските општинари, штом така бурно и импулсивно ми оставија километарски коментар на мојот текст ,,Како лобира општина Бутел за Аквадуктот“.

Драги Бутелски општинари, очигледно сте промашиле нешто во мојата концепција, бидејќи мене целта на лобирањето не ми е  веб страницата на одредена општинска државна администрација (во случајов на општина Бутел), туку културното наследство кое се наоѓа во нејзини рамки, и и е доделено да се грижи за него.

Како прво не знам дали сте вие свесни какво богатство ви е дадено да управувате со него? Тоа е придобивка која не ви припаѓа само вам, туку на целиот свет. И светот и те како има право да знае што се случува со колективното културно наследство. Дали вие знаете низ колку општини поминува Кинескиот ѕид? Мислите дека се поважни општините или една општоцивилизациска придобивка која постоела пред постанокот на некои од нив, а ќе постои и откако ќе ги нема. Така да разговорот за вашата  web страна го завршувам по кратка постапка бидејќи има работи кои се поважни од интернет сајт на една административна општина.

Секако дека за многу работи во врска со Аквадуктот сум во право. Посебно од археолошка гледна точка.  Би сакала да знам кои погрешни информации јас сум ги употребила (нагласувам – за Аквадуктот, сајтот ве интересира само вас) за моите заклучоци, бидејќи користам информации од извори кои ги линкам во оригинал, и за секоја пропратна аномалија би требало да се обратите кај газдата кој ја пуштил таа информација во оптек на интернет. А заклучокот да ми го оставите на мене како единствено и непроменето автономно право над мојот интегритет.

Инаку немојте да очекувате кој знае какви коментари на блогот apropos овој пост, бидејќи јас и онака ретко ги добивам. Луѓето обично сакаат да ме читаат, но ретко коментираат.

Ви благодарам што сте поставиле линк од мојот блог на општинската страница и што се обидувате да бидете во тек со се што се пишува, а е поврзано за Аквадуктот. И јас ќе ве следам со особен интерес по однос на вашето делување во рамките на проектот за Скопскиот Аквадукт. Така да љубопитноста е обострана. 🙂

Немам обичај да реплицирам на анонимци и обично таквите коментари ги игнорирам или бришам, но нејсе, да се надеваме даке е ова коментар од еден ,,вистински” Бутелски општинар, a не од админот на нивниот web site.

Клучни зборови: Аквадукт, Скопје, Словенечка, Бутел, Македонија, Akvadukt, Slovenecka, Butel, Makedonija, Aqueduct, Skopje, Macedonia

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here