Home Археологија Археологијата и политката 1 – Peter Ucko (In memoriam)

Археологијата и политката 1 – Peter Ucko (In memoriam)

1,274 views
0

 

Еден од најконторверзните настани кој било кога се случил во областа на археологијата е лоциран во сега за нас далечната 1986 година. Тогаш еден професор по компаративна археологија, поранешен извршен директор на Институтот за Археологија при Колеџот во Лондон за прв пат ќе биде во организацијата на првиот Светски Археолошки Конгрес. По своја иницијатива Петер Учко (Peter Ucko) ќе упати молба до Извршниот Борд (како негов најреномиран член) одобрена дури и од UNESCO, а тоа е со современ сленг кажано, да ги банира јужноафриканските и намибиските учесници кои во моментот се наоѓаат под Апартхејд во нивните земји.Археолозите имаа различни ставови по повод овој настан. Едни беа за, другите против, третите мислеа дека некако може да се балансира помеѓу фактот да се биде под Апартхејд, a да се задржи академската научна коректност. Но, реалноста е дека археолошката заедница никогаш не и прости на политиката и се подели засекогаш. Светскиот Археолошки Конгрес стана организација сама за себе и беше исклучена од UISPP (Union internationale des Sciences Pre- et Protohistoriques) -зошто се виде дека таа всушност ги застапува интересите на археолозите од пост-колонијалните земји базирајќи се на моделите претежно ориентирани кон централна и северна Европа.

Подоцна Учко ќе се покае и во однос на неговата морална одговорност за овој настан и ќе изјави:

“For months I acted as a traditional academic would, arguing that academic freedom was more important than anything else, and I claimed to myself and others that one could be totally against apartheid while at the same time doing nothing about it in the sphere of academia. Shockingly, it took many months for me to realise what a patronising stance I was adopting.”

Линк до изјавата

Инаку Петер Учко е еден од најпознатите светски археолози. Неговото досие, лично и научно е импресивно. Член на Royal Anthropological Institute и на Society of Antiquaries, благодарение на неговата посветена работа кога се пензионираше во 2005 год., во Институтот каде работеше за себе го остави најголемиот археолошки оддел на светот. Со преку 70 академски трудови и повеќе од 600 студенти од 40 земји од светот, неговата последна креација беше International Centre for Chinese Heritage and Archaeology, како институција која се залага за промоција на археолозите помеѓу Европа и Кина.

Почина на 14-Јуни-2007 во Лондон.

Некои луѓе се надраснуваат самите себе си.

Остануваат да сведочат дека секогаш има и подобар свет од оној кој го познаваме.

Амин!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here