Дома Антропологија Рацете на уметниците

Рацете на уметниците

4,157 views
1

На времето кога полагав приемен испит за на факултет, ми се падна прашањето: Дали биле современици Албрехт Дирер и Сандро Ботичели. По кратко размислување одговорив – Не. Користејќи ја визуелната логика, го споредив сликарството на Дирер со она на уметниците од Ренесансата, и ми се виде сосема поинакво.


Албрехт Дирер

Раце


Леонардо

Студија за рацете

На оваа случка се сетив откако своевремено го прочитав објаснувањето за сликата ‘Раце’ на Дирер. Уметникот ја насликал во најдлабока жалост во спомен на својот брат кој добил тешки повреди на рацете од работата на полето, додека во меѓувреме Дирер продавал слики за да му обезбеди школување. Сликата во исто време е израз и на најдлабока благодарност и на најдлабока тага.

Иако неговите дела не се така лепршаво вдахновени како оние на ренесансните уметници, сепак Дирер кој бил колку мислител, толку уметник, слободно може да се постави во историјата на уметноста покрај Леонардо и Микеланџело. Можеби не толку многу по својата тематика, но според временскиот период творештвото на Дирер сепак спаѓа во ремек делата на Ренесансата. Колку за споредба, еве некои негови современици кој ја допреле истата тематика – ,,Раце“, но од еден сосема поинаков агол.

Микеланџело

Создавањето на светот(детал)

Rafael-Santi-HandsРафаел

Раце (цртеж)

Рацете се оние кои водат, укажуваат, покажуваат. Кои упатуваат, пронаоѓаат, кои подаруваат и земаат. Раце кои  молат, преколнуваат, раце кои живот даваат, раце кои создаваат, благословуваат. Во зависност од етникумот, народната религија и симболизмот, рацете можат да имаат најразлично толкување.

Ешер – Раце кои цртаат

Антрополозите сметаат дека гестот на подигнување или испружување на раката за да се покаже што човекот гледа, е желба да се допре некој или нешто кое е се уште вон сопствениот (личниот) досег. Па сепак рацете можат да симболизираат многу работи во зависност од нивната позиција и движење. Но Body language е засебна наука за гестикулациите на телото, а не за личниот отпечаток на уметниците врз платното, кој честопати за нас останува мистериозно неразјаснет.

Во секој случај ете јас ви подавам пријателска рака. И ве канам на една прошетка по мојот блог. Се надевам во него ќе ги внесете само своите виртуелни стапки, а од него ќе го понесете мирот и спокојството.

1 КОМЕНТАР

  1. Здраво-живо. Мислам дека одговорот за разликите меѓу Леонардо и Дирер е пред се припадност на различни школи [иако посебно кај ортодоксните, некои не примаат ваква премиса] Тоа се гледа и ако се споредат Италијанско, Германско и на пример Фламанско сликарство, а поконкретно и од одредени делови на Италија напр. Што се однесува до рацете посветени на брата му, дали овде мислиш за Андреас Дирер, односно најмалиот брат на Албрехт (од четворица преживеани) кој двапати во 1515 му бил модел на брата си (само во цртеж) и уштеднаш превосходно во гравирата “Oчајниот маж”, секако доколку овде не се работи за портрет на Микеланџело, зашто има и такви размисли. Поздрав.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име