Home Археологија Римскиот форум во Стоби – каталог

Римскиот форум во Стоби – каталог

1,548 views
1

Кој поминал на археолошкиот локалитет Стоби за време на летниот период, веројатно му е јасно дека и наспроти парите за негово ископување, треба да се вложат надчовечки напори, многу желба, огромен ентузијазам и љубов кон археологијата за да се работи на температури кои честопати го достигнуваат 45-50 степен под сенка.

Дури и во такви услови, сепак моите колеги постигнуваат резултати кои се забележливи во светски рамки. Оваа година го направија еден невообичаен потег со кои дефинитивно се потврдува дека некои работи во македонската археологија почнуваат да се менуваат. Вистинската валоризација се прави преку публикација, а информирање на јавноста е еден од првите чекори. Затоа го поздравувам флаерот-каталог кои денеска излезе од печат во соработка помеѓу Музејот на Македонија и невладината организација ЦИСС од Палермо, Италија чиј работена наслов е “Археолошка и туристичка валоризација на античкиот град Стоби”.

Римскиот форум е монументална градба од јавен карактер што ги надминувала провинцијалните рамки. Поточно, станува збор за објект достоен само за град со ранг на муниципиум, каков што бил Стоби.

Според културните слоеви градбата функционирала во 2-3 век, иако постојат индиции дека нејзината изградба била кон крајот на 1 век. Во 3 век згаснува функционирањето на форумот, веројатно по наездата на Готите, кога бил вандалски уништен, за што говори насилното кршење на статуите и опожарувањето на објектот.

Јас правам уште еден чекор понапред. Сепак тоа е предноста кога немаш печатен, туку електронски медиум, згора на тоа и бесплатен. Скенираниот каталог можете да го симнете тука, а набрзо ќе биде поставен и во десната колона од блогот каде ќе биде достапен во секое време.

Корисни линкови:

Погрешни археолошки впечатоци – Римскиот форум во Стоби
Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here