Home Придонеси на Википедија Македонската Википедија наближува до својата 10 000 статија

Македонската Википедија наближува до својата 10 000 статија

983 views
0
Македонската Википедија наближува до својата 10 000 статија. Според Мисос, во следните 2-3 дена се очекува конечно по многу премрежја, оваа бројка да биде достигната. Благодарност до сите луѓе, блогери и ентузијасти  кои досега дадоа придонес.

Едно е кога си сам
едни, кога ќе се запознаат се две…
многу е кога имаш многу…
ЦЕЛО Е КОГА
ИМА
СЕ!

На Википедија вклучи се.

Во продолжение постирам еден мој поранешен текст кој се однесува на елементарните правила при поставувањето на статиите.


Википедија е повеќе јазичен проект на креирање на потполна и точна слободна енциклопедија. Секој посетител може да додава и менува статии. Проектот на Wikipedia започна во јануари 2001, додека проектот Википедија на македонски јазик постои од крајот на 2004 година.

Матичната, англиска википедија, веќе надмина 1 500 000 статии (за споредба една Британика и Енкарта беa најголеми енциклопедии досега) и расте со огромна брзина заради неверојатно ефикасниот отворен модел. Во моментов македонската веризја има 8220 статии. (28-Ноември-2006)

Во развојот на Македонската Википедија како заеднички проект можете да се вклучите преку некој од следниве начини:

1.Пишување нови статии
2.Проширување на веќе постоечките
3.Техничка помош (ако е потребна, посебно за табели, функции можете да се обратите за помош кај другите корисници)
4.Промоција кај други луѓе кои би биле заинтересирани да ги спроведат на дело горенаведените работи.

Зошто е потребна македонска онлајн енциклопедија :

-Зошто како држава досега немаме издадено релевантна општа енциклопедија (со исклучок на Македоника, која е само за Македонија и Македонски древности, специјализиран ЦД-ром за археологија и историја на уметноста).
-Зошто на ваков начин би имале бесплатна енциклопедија
-Зошто освен бесплатна, секојдневно би растела
-Зошто секој и од секаде би можел да ги користи нејзините податоци. Доволен ви е компјутер и пристап на интернет.

Презентација

Презентацијата изработена од Мисос можете да ја превземете тука.

*п.с. избегнувајте секакви пцовки на било кој јазик и прости изменувања на статии, без аргументи во дискусиите, бидејќи ќе бидете третирни како вандал и автоматски ќе бидете избришани.

Добредојдовте на сајтот на слободната енциклопедија на македонски јазик.

Добредојдовте на Википедија!

п.с. Ви посакувам убав ден на сите. Денеска и официјално почнува ,,Македонското лето”.

Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот oksimoron. За статијата можете да гласате тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here