Home Политика Ангажираната археологија на весникот Вест

Ангажираната археологија на весникот Вест

662 views
0
Мислам дека е крајно време своите постови да ги пишувам на англиски јазик. Така светот ќе знае на кој начин некои од медиумите во Македонија, се однесуваат кон сопственото културно наследство. На повеќето од медиумите им е најважно да имаат ексклузивна информација (ма каква и да била таа) и ударен наслов кој се однесува на македонската археологија. Пишуваат глупости (не сите), цитираат анонимни извори (чест на исклучоци кои не го прават тоа), крадат од блогери, не линкаат, и згора на се добиваат информации од диви трагачи по богатства, за што може да посведочи и последниот напис во весникот Вест.

“Последното пронаоѓање на статуата на Дедал на Плаошник, за овдешните граѓани е доказ дека на поширокиот простор на Охрид се крие големо богатство кое им е достапно само на археолозите. Нивна претпоставка е дека целото тоа богатство не завршува во музеите. Оттука и ваквите приказни за богатството на археолозите, иако се знае дека ако нешто вредно се пронајде, тешко може да се скрие од другите што работат на ископувањата”, вели еден овдешен трагач по археолошки богатства.

На толку ископувања во моментов во Македонија (а можам да ги набројам барем 5 за кои не е напишан збор) весникот Вест се фаќа за озборувањата базирани врз анонимни извори со сомнителна преокупација во животот. Пишуваат чаршиски муабети, наместо да се концентрираат на некој локалитет, манастир или наод кој би можеле да го презентираат преку својот весник.

Во период од постоењето на Македонија како самостојна држава, кога се бориме нашето културно богатство да го ставиме на мапа од светот, медиумите наместо да придонесат за креирање на Археологија на идентитетот, весникот Вест на пример повеќе се грижи за куќата на еден археолог, отколку за националното духовно и материјално богатство.

Добро бре Д.Ч. како не ви е срам и на тебе и на твоите претпоставени, заедно со се уредникот на весникот Вест. Што не ви падна на памет да пишувате за Синтезис и нивната благородна идеја за заживување на некои заборавени локалитети од големо културно значење за Македонија. Слично како и во ,,Туризмот на весникот Вечер” од пред некој ден, не знам дали медиумите се свесни дека секој збор што ќе го напишат останува еднаш за секогаш на интернет. Во некоја архива и на некој сервер. Сакале тие или не. И дека ако излезе некогаш на некој претражувач нивниот ,,бестежински” текст, дали се навистина спремни да се соочат со себе си.

А во случајот со весникот Вест, и да бидат сведоци за секој нивни обид во полето на археологијата, каде не напишале ни ,,А” од истоимената наука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here