Home Археологија Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби

Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби

1,985 views
4

 

Археолошкиот локалитет Стоби е седмата дестинација на етно-групата Синтезис каде што тие ќе одржат бесплатен концерт на 16-Јуни-2007 год. Настапот е во склоп на нивната мини турнеја во обидот за афирмација на заборавените локалитети со големо културнo значење. Посетителите кој ќе дојдат во Стоби да ги слушаат Синтезис, ќе имаат можност и да присуствуваат на археолошките ископувања на Римскиот форум кои се во тек, а кој подоцна треба да се приготви и за презентација.

Да стигнете во Стоби кој се наоѓа во Градско на местото каде реката Еригон (Црна) се влева во Аксиос (Вардар), независно од каде доаѓате, секако морате да му пријдете од автопатот Е 75. Имајте во предвид дека на локалитетот можете да му пристапите од два различни правци.


Кликни на планот за големена верзија

Објектите во Стоби од планот:

1. Театар 2. Коцкарница 3. Епископска резиденција 4. Затвор 5 Полукружен плоштад 6. Via Sacra 7. Porta Heraclea 8. Епископска базилика 9. Баптистериум 10. Domus Fulonica 11. Via Principalis Superior 12. Теодосијанскапалата 13. Куќата на Партениј 14. Via Theodosia 15.Куќата на Паристерија 16. Via Principalis Inferior 17.Голема бања18. Градска чешма 19. Via Axia 20. Полихармова палата 21. Синагога базилика 22. Мала бања 23. Цивилна базилика 24. Северна базилика 25. Римски форум 26. Музеј

Така за да ги слушнете Синтезис кои ќе свират во Театарот во Стоби, морате да имате упатство за вашиот итинерар низ локалитетот. Откако на влезот ќе го поминете Музејот, движејќи се по улицата Via Principalis Inferior, прво ги одминувате Цивилната и Северната базилика зад кои се наоѓа Малата бања, а потоа ги поздравувате Евреите во Синагогата базилика. Ако одлучите да свртите на аголот лево вдолж улицата VIa Axia движејќи се накај Римскиот форум, попатно можете да се воодушевувате на мозаиците во Куќата на Псалмите.

Rеконструкција на Куќата на Партениј

Но доколку решите да се оладите на Градската чешма во близина на Куќата на Перистеријата која освен на главната, излегува и на аголот од улиците Via Principalis Superior и Via Theodosia, тогаш има голема шанса да ги видите Теодосијанската палата и Куќата на Партениј.

Пред да стигнете до Театарот како ваша крајна дестинација за овој ден, можете да се одморите на ширината сместена помеѓу Затворот, Коцкарницата, Епископската резиденција и Domus Fulonica. Подоцна преку Епископската базилика и Баптистериумот кои можете да ги видите и на излегување, се упатувате кон излезот на Стоби поминувајќи низ Полукружниот плоштад и улицата VIa Sacra. Го напуштате Стоби преку Porta Heraclea. За оние кои ќе пристигнат од оваа страна, секако распоредот е во обратна насока.

Авионска снимка на Стоби

За Стоби е напишано многу, ќе биде напишано уште повеќе, но сепак и тоа не е доволно овој локалитет да се истражи, заштити и пезентира во светот како еден од бисерите кои егзистирале за време на Римскиот период во Македонија. Стоби тешко си го наоѓаат своето место на мапата од културните богатства во Македонија, а за светот ќе причекаме уште некое време.

Е сега. Добивте упатство каде можете да ги најдете Синтезис во 13 часот на 16-Јуни-2007. А како се слушаат Синтезис во Стоби? Епа тоа ќе треба да го откриете самите на лице место. 🙂

п.с. за сите блогери кои ќе дојдат во Стоби, освен уживањето во музиката на Синтезис, постои голема шанса да ме добијат како бесплатен водич низ локалитетот. 🙂

За информација околу археолошките локалитетите, ги користев одредниците од Археолошката карта на Македонија, Том 2, МАНУ, Скопје, стр.64-75, а видео клиповите се од ЦД-ромот Македонски древности, Скопје, 1999.

=====================
Препорачана литература:

– Археолошката карта на Македонија, Том 2, МАНУ, Скопје, 1996.
– Папазоглу Фанула, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957.
– Wiseman, J. R.(Excavations at Stobi) – статии во АЈА и JFA.
– Петрова Елеонора, Стоби (водич), Музеј на Македонија, Скопје, 2003.
– Микулчиќ Иван, Антички градови во Македонија, МАНУ, книга 8, Скопје, 1999.
– Микулчиќ Иван, Стоби (монографија), Скопје, 2006.


Блогерите пишаа за Синтезис vs. културното наследство:- „Синтезис“ ќе одржи осум концерти на заборавените археолошки локалитети 4-May-2007
Аквадукт & Синтезис 5-Мај-2007
Струмин Гроб & Синтезис 13-Мај-2007
Струмин Гроб & Синтезис – дополнување 13-May-2007
Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? 17-May-2007
ЧИФТЕ АМАМ & СИНТЕЗИС 17-Мај-2007
КИБИЦИРАЊЕ – СИНТЕЗИС & ЧИФТЕ АМАМ 22-Мај-2007
Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia 7-Јуни-2007
МАТКА … СИНТЕЗИС … И … 9-Јуни-2007
ВИТОЛИШТЕ … СИНТЕЗИС … СЕЛСКИ ТУРИЗАМ … 10-Јуни-2007
Упатство за употреба: Како да ги слушате Синтезис во Стоби 15-Јуни-2007

4 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here