Home Археологија Професија на иднината: Археолог-политиколог

Професија на иднината: Археолог-политиколог

1,017 views
0

 

Денеска луѓето сакаат едно во животот, учат и завршуваат факултет за друга работа, а понатаму обично се специјализираат за области од кои имаат најмалку познавање(*види. заб). Па честопати добиваат некои чудни звања кои се сублимат од повеќе научни профили. Но веројатно денешните генерации не ни замислувале дека во иднината ќе постои една од најреспектибилните професии ,,археолог-политиколог”? Од денешен дискурс би било тешко да го разбереме дијапазон на делување на една оваква професија, со оглед на тоа дека политката е (претежно) жива работа, а археолозите ги интересираат личности кои се доволно мртви за овој свет.Имало опструкции за воведување на некои предмети на факултетот, но со текот на времето се испоставило дека сепак е најдобро овие две професии да се здружат. Ова е поради тоа што во иднината и нашата генерација ќе биде минато па сите ние ќе бидеме предмет на истражување на идните археолози… Па со оглед на исполитизираноста денеска – навистина ќе им требаат и политиколози Па богати, нели некој во иднината ќе треба на луѓето да им ја објасни – денешницата.

коавтор на текстот е Оксиморон


Забелешка: * Оваа појава била честа во периодот од осамостојувањето на Република Македонија како држава. Денеска е предмет на сите архео-политички факултети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here