Дома Археологија Туризмот на весникот Вечер

Туризмот на весникот Вечер

890 views
0

 

Веќе неколку месеци го пратам весникот Вечер кои информации ги објавува во рубриката ,,Скопска“. Еден од најфреквентните написи кои ми западна во очи е следниот:

Деновиве излезе од печат новиот Туристички информатор на Скопје, што еднаш месечно го издава градскиот Туристички сојуз. Во најновото издание има краток осврт за градов и на поважните културно-историски знаменитости, а се објавени и информации за угостителските објекти и хотели, туристички агенции, културни институции, амбасади, меѓународни претставништва, министерства и други институции. Во информаторот се внесени и месечните програми на сите културни институции во градов – музеи, галерии, театри.

Информаторот се печати на англиски јазик и во 3.000 примероци, а го добиваат сите хотели, ресторани, авиокомпании, туристички агенции, културни институции, меѓународни претставништва и амбасади, странските културни центри и министерствата.

Информациите што се објавени во Туристичкиот информатор може да се прочитаат и на веб-страницата на Туристичкиот сојуз на Скопје чија адреса е …

Tекстот за месец ноември 2006, двобројот декември/јануари, април, мај и јуни 2007 е идентичен. Без малку трунка креативност да се представи што има во овој информатор. Само понекогаш во зависност од ажурноста на оние кои го администрираат сајтот на весникот Вечер, им се случува и да го погодат вистинскиот линк за Туристичкиот сојуз на Скопје. Тоа што тие ќе го крстат покултурно веб-страница, а не сајт, не ја менува нивната неозбилност во светот на електронските медиуми.

Не знам дали им е јасно на нашиве весници дека се што еднашка ќе отиде на Интернет останува засегогаш таму? Запишано е на небото, во некоја архива, на некој сервер…И дека ако излезе некогаш на некој претражувач нивниот ,,бестежински” текст, дали се навистина спремни да се соочат со себе си.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име