Home Археологија Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia

Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia

1,874 views
2

 

И благодарам на Маја Бабиќ од Bagi Communications, менаџерката на Синтезис со која имав чест да разговарам кога групата имaше концерт во Чифте амам. Во знак на медиумска поддршка (претежно од блогерите), таа вети дека ќе изработи специјален банер за 8-те концерти кои Синтезис ги одржува низ Македонија, а се за афирмација на заборавените локалитети со големо културнo значење.

Во разговорот Маја ми напомена дека и таа и Синтезис се по малку разочарани за малата посетеност на некои од концертите, што секако пред се се должи на слабото известувањето од страна на медиумите. За да не се случи истото и со културните споменици на Матка, кои секако го заслужуваат вниманието, ќе се потрудам да ви објаснам покрај концертот, какво богатство се крие во пазувите на ова вонземско катче.

Од археолошките локалитети можат да се видат:

Катуниште, населба од римското време, Круша, осамен објект од доцноантичкото време на 1,6 км јужно од селото, Куќишта – населба од доцноантичкото време и Св. Спас, градиште – викус од римското и доцно¬античкото време кое се наоѓа на околу 1,5 км јужно од селото, на високите карпи на излезот од клисурата на реката Треска. На самиот врв има плато опкружено со одбранбен ѕид, на кое се гледаат темели од повеќе објекти, а се среќаваат фрагменти од керамички садови и мермерни блокови од раноантички храм. Исто така се гледаат темели, столбови, бази, импости и други материјали од старохристијанска базилика.

На само 2 км јужно од селото се наоѓа Марков Град, тврдина – кастел од доцноантичкото време и средниот век. Високо на карпите што се издигаат над црквата Св. Андреја, се гледаат остатоци од мала средновековна тврдина. Во нејзината внатрешност има средновековна црква, станбен објект и други помали објекти. Постарата тврдина – кастел, датира од V-VI, а остатоците од средновековната тврдина се од втората половина на XIV век.

Покрај црквите Св. Андреја влезена во аналите на Византиската уметност и помалите Св. Никола Вир и Шишевскиот манастир, можете да ја посетите и црквата Св. Богородица. Секој септември на Матка се одвива традиционално крштевање на реката Треска и во манастирот Света Богородица. Инаку малата црква во овој манастир и официјално е се уште заштитничка на градот Скопје, се додека не се пушти истоимената црква во центарот на градот.

За црквите и манастири во кањонот “Матка” ви го препорачувам истиимениот текст кој се наоѓа на Порталот Крале Марко, а за уште поголемо уживање погледнете го видео записот на Кибицер.


За информација околу археолошките локалитетите, ги користев одредниците од Археолошката карта на Македонија, Том 2, МАНУ, Скопје, стр.373. За останатите информации им благодарам на Маја Бабиќ, Синтезис, Драган Зајковски – Кибицер, Гордана Jанакиевска, Волан и многу други незнајни јунаци. Од мене само уште ова:

Матка не е само речно крајбрежје и тесни планински патеки.

Матка е мир, духовна рамнотежа…прекрасен пејсаж 🙂

Матка е заборавено македонско катче, тука зад грбот на градот. Блиску, а сепак далеку.

Матка е место каде треба да се запре пропаѓањето на културните и природните вредности. Под итно се потребни неколку археолошки интервенции и конзервации.

Но….

Матка е и

Горд орел,
свет чувар на липите
каде светите човекови градби опстојуваат
и денес во нашата свест.

Зад секој крај е нов почеток!!!!!!

Ако и сега не дојдете, значи дека нема никогаш да го направите вашиот прв чекор, кон новиот почеток.


Текстот ќе биде континуирано надополнуван со корисни линкови како препорака за читање.

 


Блогерите пишаа за Синтезис vs. културното наследство:

„Синтезис“ ќе одржи осум концерти на заборавените археолошки локалитети 4-May-2007
Аквадукт & Синтезис 5-Мај-2007
Струмин Гроб & Синтезис 13-Мај-2007
Струмин Гроб & Синтезис – дополнување 13-May-2007
Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? 17-May-2007
ЧИФТЕ АМАМ & СИНТЕЗИС 17-Мај-2007
КИБИЦИРАЊЕ – СИНТЕЗИС & ЧИФТЕ АМАМ 22-Мај-2007
Синтезис -> Матка -> Made in Macedonia 7-Јуни-2007


Апдејт 10-Јуни-2007: Како и по обичај од страна на исполнителите. Ветено-сторено->Матка->Made in Macedonia by Synthesis. Освен на мојот блог, веројатно постот на Волан е еден од ретките записи во врска со овој настан. Не верувам дека во некој од весниците ќе прочитам толку интимна и детална репортажа за некое место.Им благодарам на дечките од Форумот MyMacedoniaOnline, кои го спомнале нашето присуство на Матка. Ти благодарам и на тебе Волане. Чест ми е што те познавам лично. Со твоите мемоари збогатуваш уште еден сегмент од нашите животи.Но веројатно најмногу од сите им благодарам на Синтезис. Не знам дали ви е јасно колку инспирација, желба и ентузијазам лежи во нив за да го направат овој тип на концерти. Да ги довлечкаат сите тие инструменти и појачала, да стојат 1 час на јакото сонце и стрпливо и вредно да си го исполнат своето ветување.

Поздрав и до сите блогери кои имав можност да ги запознаам на Матка. Жал ми е што не можевме да се подружиме поради моите обврски. Но тоа веројатно ќе биде во некоја друга прилика. Smiling

Јас, Кибицер и Секи на Матка
Во позадината се гледа црквата Св. Андреја

Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот kuzevski. За статијата можете да гласате тука.

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here