Дома Археологија Неколку примери како се дигитализира македонското културно наследство

Неколку примери како се дигитализира македонското културно наследство

2,490 views
3

 

Една од најрелевантните информации кои можат да се сретнат во врска со дигитализацијата на македонското културно наследство се наоѓа на web site-от на Министерството за култура на Република Македонија. Во неа се вели:

УНЕСКО е посебно заинтересиран за финансиска и експертска поддршка на процесот на дигитализација на културното наследство во РМ и за формирање на специјализиран Центар за дигитализација на културното наследство и негово умрежување во Републиката и со регионот.

За таа цел, ја помогна реализацијата на Регионалната средба за дигитизација на културното наследство која се одржа од 17 до 20 март 2005 год. во Охрид. Семинарот претставува всушност прва фаза од Предлог – проектот за дигитализација на културното наследство предложен од Националната комисија на УНЕСКО на РМ во 2003 година и доставен до Генералниот директор на УНЕСКО за време на неговата официјална посета во нашата земја, како и за време на 32-то заседание на Генералната конференција.

Линк до цитатот

Потоа налетав на една информација која ја сретнав на сајтот на МРТВ за Дигитализирање на македонскиот книжевен фонд. Имено, се работи за тоа дека:

Издавачката куќа „Ѓурѓа“ во рамки на одбележувањето на 20 годишниот јубилеј, ги отстапи своите авторски права од едицијата со монографии од македонските сликари на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со цел книгите да се дигитализираат и да се објават на интернет.

Линк до написот

Дополнителни информации околу оваа сторија можеа да се прочитаат по весниците, и да се видат во емисијата на Ана Зафирова – ,,Врти сучи, тоа ти е Скопје“.

 

 

[youtube]9M8-SjpUVp0[/youtube]

Во горенаведениот видео клип може да се забележи дека сите сработени проекти во дигитализирана форма од страна на библиотеката ,,Браќа Миладоновци” достапни се за широката публика, и се бесплатни. Од друга страна се соочуваме со текстови кои се наоѓаат на сајтот од Центарот за дигитализација на националното наследство, каде во долниот дел од секоја страница може да се прочита: Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува и повторно дистрибуира во било која форма освен со претходна дозвола.

На ова оштро реагираше Новица, нарекувајќи го проектот ,,Приватизација на македонското културно наследство“.

Баш сакам да ги прашам луѓето од Центарот за дигитизација на националното наследство од каде побараа и добија дозвола за да го дигитализираат нашето наследство. (…ми доаѓа да употребувам погрдни зборови, се воздржувам…)

Линк до изјавата на Новица

Јас навистина на Археоблог имам и авторски текстови, но никогаш не сум се дрзнала содржините да ги ставам под фул копирајт. Имав такви обиди на претходниот блог, но како што многумина беа запознаени, причината беше затоа што новинарите ми крадеа поголем дел од текстовите без да ме наведат како извор на одредена информација. Се што барам е да бидам цитирана, нешто што е сосема во согласност со Creative commons лиценцата што ја имам поставено. Инаку културното наследство не е ничија своина. Сите ние ги користиме општо цивилизациските придобивки, во случајов во форма на електорнски медиум. Да не е така ќе важеше паролата на еден мој пријател:

,,Туф, денеска не прочитав весник. Си останав прост.” 🙂

3 КОМЕНТАРИ

  1. […] во долниот дел од секоја страница може да се прочита: Овој материјал не смее да се издава, емитува, препишува…,  што во некоја рака претставува ,,Приватизација на […]

Leave a Reply to Археолошки дневник vol.3 » Мојот дигитален “културен” идентитет

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име