Home Археологија Музејот на Старата скопска чаршија

Музејот на Старата скопска чаршија

3,682 views
3

Секое утро додека одам на моето работно место, на ископувањето на Скопското кале, поминувам низ Старата скопска чаршија. Чаршијата ме пречекува искапена во првите сончеви зраци очекувајќи ги сите занатчии и трговци да ги отворат своите дуќани. За чаршијата е пишувано многу, а со својата монументалност и гордост, секако дека ќе биде инспирација и за во иднина. Во видео клипот кој го позајмив од you tube, а се наоѓа во левиот долен дел од мојот блог, може да се погледнат намонтирани црно бели снимки од чаршијата. Впечаток ми остави инсертот каде еден трговец во раните утрински часови подигнувајќи ја решетката на својот дуќан се прекрстува… за добар ден, за арно за убаво, за бериќатвасан. Денеска дуќаните во чаршијата немаат решетки туку аларм, но верувам дека утринскиот ритуал на сите е еднаков како и во минатото.

За само неколку години, како резултат на превирања од различен карактер, Старата скопска чаршија го загуби својот шарм. Некогаш место каде се шопингуваше и излегуваше до утринските часови, се престори во локација каде последните гости и шетачи можат да се видат до 18-19 часот, додека не почне да се стемнува.

Веќе неколку години трае проектот за нејзината ревитализација и кога човек ќе прошета по сокачињата, навистина може да увиди дека таа се има променето во едно сосема ново руво. Повеќето од објектите се реставрирани и имаат превземено функција која е повеќе кратна, како што се на пример Безистен, Чифте Амам и Даут пашин амам.

Сули ан

Сули ан со Музејот на старата скопска чаршија

А, да. Ќе заборавев. не знам дали знаете дека во склопот на Сули ан се наоѓа и Музејот на Старата скопска чаршија. Не знаевте? А скоро секој пат поминувате покрај него и го одминувате. 🙂


Овој текст е поставен на интерактивниот сервис Кајмак.от од корисникот jasnesumjas. За статијата можете да гласате на линков.

3 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here