Home Археологија Корисни сајтови – Do you love the past?

Корисни сајтови – Do you love the past?

1,168 views
0
Yeah, I love the past е новиот web site на корпорацијата Current Publishing која меѓу другото го издава и екстра популарното списание за археологија Current Archaeology.

Она што тие го бараат во моментов е фидбек од своите читатели, со чија помош би ги зголемиле и апдејтувале податоците, бидејќи овој сајт кој е посветен на сите археолози (сегашни и идни), има за цел да стане еден од најголемите извори за археолошки ископувања во Велика Британија. Претендирајќи да биде корисна алатка, сајтот во својата дата база за сега вклучува околу 100-ина ископувања во Британија, но како што најавуваат, ќе ги има и низ светот.

Помладите археолози (дури и во Македонија) можат овој сајт да го видат како опција со која ќе го надоградат своето теренско искуство и би било навистина штета да пропуштат ваква можност. Се што треба е почесто да го посетуваат, зошто веќе се поставени огромен број на археолошки проекти за 2008 година.

Па драги колеги, нека ви е со среќа. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here