Home Администрација Заврши првата македонска блогерска конференција

Заврши првата македонска блогерска конференција

748 views
0
Многу искршени чаши, изречени пцовки и навреди, една тепачка која за малку ќе завршеше трагично по двајца блогери, неколку инциденти, повредени суети, ставање во калап, институционализирање, форматирање на мисловното апаратче, лоботомија и уште што ти не, е нешто кое за среќа не се случи на Првата Македонска Блогерска Конференција. :))))


Соња, јас, Јана и Вероника го прегледуваме мобилниот на !?!

Она кое се случи (а ќе се случеше како што вели Волан некогаш и некаде со или без нас), беше едно неформално дружење, учење, дебатирање и решавање на некои проблеми, со кои се соочуваат блогерите користејќи медиум кој се повеќе си го пронаоѓа своето место под сонцето.

Присуството на некои медиуми исто така беше референца дека блогерите и нивната континуирана работа, се третираат се по сериозно. Во секој случај на официјалниот блог, но верувам и на други блогови, дополнително ќе прочитате подетално, што се се случуваше на оваа анконференс.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here