Home Археологија Археолошко ископување, Плаошник, една бронзена фигура и Дедал

Археолошко ископување, Плаошник, една бронзена фигура и Дедал

1,096 views
0
На новинарите очигледно им требаше мало подбуцнување, пред сериозно да си ја сватат одговорноста како медиум кој е носител на информациите кои се во доменот на културното наследство. Така по Големите Мајки Богинки, Адам од Говрлево, после два месеца интензивно ископување, дознавме дека при археолошките ископувања на Плаошник, е пронајдена уште една склуптура што ја возбуди македонската и светската јавност.

 

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник
Скулптурата на Дедал не може да се види оти е во парчиња
Бронзена фигура стара преку 2.300 години откриена на Плаошник
Бесценет Дедал од Плаошник

Премиерот го виде Дедал

Имено се работи за бронзена фигура висока 20 сантиметри, пронајдена во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век. Склуптурата која е пронајдена со патина на неа, по направената конзервацијата,  преелиминарно е датирана во 3 или 2 век п.н.е.

Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу.


Пред некој ден дадов интервју за Првата програма на Македонското радио, во контекст на мојата работа на археолошкото ископување на Скопското кале. Во разговорот кој траеше повеќе од 40 минути (а кој ќе биде дополнително постиран), во еден момент бев запрашана:


,,Дали сте нашле нешто вредно”?


Морам да кажам искрено, тоа беше прилично ,,старовремско” прашање, бидејќи на обичните луѓе можеби нема ништо да им значи, но за архолозите секој предмет е важен, независно од обликот, големината, материјалот и на крај краева – убавината која е релативна категорија. Секој од наодите раскажува своја сопствена сторија, и верувајте дека воопшто не е лесен патот од еден предмет до конечен сублимат од текст, кој ќе го прочитате во некое стручно списание.


А дали јас сум нашла нешто вредно?


Па зар не свативте до сега колку сум богата. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here