Home Археологија Средновековни манастирски графити или…

Средновековни манастирски графити или…

924 views
0
Вниманието за блогот на еден мој колега археолог, д-р.Martin Rundkvist од Шведска, во почетокот ми го привлече неговото фалење како Технорати го исфрлил за еден од најчитаните светски блогови кои пишуваат за археологијата. Па си реков малку да го прилистам. 

Каменот од Врета

Во неговиот за сега последен пост, тој пишува за една плоча со димензи 73 со 60 мм која е пронајдена во манастирот во Врета, а од обете страни е покриена со некакви архитектонски графити. Плочата од Врета на која најверојатно се испишани Руни долги години ја возбудува шведската и научната јавност.

Но од друга страна, мене ме заинтересира овој Бенедиктински женски манастир. Пребарувајќи податоци, пронајдов дека е основан веројатно околу 1190 година, бидејќи Elin – Шведската принцеза (позната и како Helena Sverkersdotter of Sweden) по поразот на паганите, како вдовица се замонашила во него каде останала се до својата смрт по 1110 год.

Со неа е поврзан и еден од трите случаја на киднапирање на жени, кој е еден од средновековните настани на Шведска кој се има здобиено со титулата ,,легендарна фама". Не сум сигурна во потполност, но ништо чудно крадењето на жени да е од Германската традиција, како еден од начините да се ,,најде" сопруга. 🙂

Англиската Википедија за овој и уште еден друг камен на кои се испишани руни, вели:

The Snottsta and Vreta stones are individual runestones known as U 329, U 330, U 331 and U 332. They are found on the homesteads of Snottsta (also spelled Snåttsta) and Vreta, and they tell in Old Norse about the family story of Gerlög and Inga in 11th century Uppland, Sweden, together with the Hillersjö stone (U 29) and the runestone U 20/21.

The style of the stones suggest that they were carved in the period 10501080. They were carved first, then U 20/21, and last Gerlög’s Hillersjö stone.

Каменот од Врета е сведок како прв шведски документ на кој е документиран еден манастир како институција. Во 1562 год. тој потпаднал по редот на Цистијанците. Последниот документ кој го споменува, датира од 1562 год.

На сајтот на манастирот постои една хронолошка мапа на која ако кликнете во назначените години, можете да прочитате што се случувало со манастирот и неговите жители во подолг временски период. Но секако, тоа е под услов само ако знаете да читате шведски, бидејќи не постои англиска верзија. 🙂

Овој пост не остана незапазен и од други блогери (1,2,3)

Плочата од Врета пронајдена во 1919 година при тогашните археолошки ископувања, го доживува својот ривајвл со повторните истражувања од страна на археологот Göran Tagesson. Да видиме што ново имаат да ни кажат швеѓаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here