web analytics
За мене



Василка Димитровска
магистер по археологија
Скопје, Македонија
e-mail: info@arheo.com.mk

Текстовите на сајтот не се лекторирани

ЧПП
Прирачник за коментирање

Пребарувај по сајтот
My pages and blogs
Blog in english
Архео-креатива

Verba volant scripta manent

Video|Channels|Community
Категории
Архива

PostHeaderIcon Како Аквадуктот се најде на грбот од општината Бутел

Овој текст ќе биде уште едно надополнување во мојот серијал за Аквадуктот во Скопје. Фокусот на интересот го насочив кон симболот на една од скопските општини. Поточно, сакам да ви го свртам вниманието на еден од хералдичките симболи кои се наоѓаат  представени на грбот на општина Бутел. Општина Бутел е новоформирана општина (произлезена од Општина Чаир) под територијата на град Скопје во неговиот краен северен дел. Градоначалник на општината е Петре Латиновски.  Како таква, според законите во РМ, таа би требало да добие свој грб и знаме. Не можам да спорам дали општините во Македонија вршат геноцид врз хералдиката бидејќи долго време кај нас не постоеше стручно тело за оваа област. Се надевам дека Македонското Хералдичко Здружение ќе ја пополни таа празнина.

Решенија без научна основа од Време

Во овој контекст само ќе наведам четива за консултација за грбот на општина Бутел, кои по хронолошки ред ги пронајдов преку пребарувачот Најди, а вклучуваат статии од весници и текстови од блогови:

- Одлука за распишување конкурс за утврдување на грб и знаме на Општина Бутел 22.12.2005
- Бутел доби грб и знаме – 2006-03-21
- Идејно решение за грб и знаме на Општина Бутел – 2006-03-21
- Општините вршат геноцид врз хералдиката 2006-04-13
- Општина Бутел донесе разгледница место грб 2006-04-14
- Грбот на Општина Бутел не е според законските норми 2006-04-18
- Една пренесена реакција 2006-04-26
- Хералдиката победува 2006-05-01

Објаснувањето за идејно решение за грб и знаме на Општина Бутел гласи:

За грбот е употребен штит со засечена форма на која има подлога традиција во македонската хералдика. Централен елемент е аквадуктот, кој е еден од главните споменици во Македонија од римскиот период, а се наоѓа во непосредна близина на касарната “Илинден”. Од левата страна на грбот, поставени се лозови лисје кои го симболизираат лозарското минато на овој дел од Скопје, а зад аквадуктот е прикажан планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Изгревот на сонцето ја симболизира појавата на новата Општина Бутел. На идејното решение на знамето се присутни црвената и жолтата боја, а во нивниот пресек стои грбот на Општината.

Линк до написот

Како и по обичај, толкувањето на хералдичките симболи е сложено. Постојат одредени правила и дефиниции како се создава еден грб, за кој се задолжени лица кои се наречени Хералди. Не навлегувам во причината зошто е представено знамето на РМ во сино златна комбинација, што е директно спротивно со законот кој забранува употреба на државно знаме.(Македонски Хералд бр.2, стр.4). Еднашка веќе пишував за Виртуелната Хералдика на нашите општини. Очигледно е дека на општина Бутел не и недостасува контроверзност, или можеби тоа е една од причините по која тие би сакале да останат запаметени. Но, да се вратам на Аквадуктот.

Логично е еден архитектонски објект од типот на Аквадуктот, да биде врежан во меморијата на сите кои го населувале тој простор (т.е. денешните Бутелчани) веројатно со стотици години. И уште по логична е неговата представа на грбот на општината.

Мене ми падна многу чудно што сите овие години, луѓето од општината Бутел иако постојано се трудат да го стават Аквадуктот на својот грб, сепак не најдоа начин да се згрижат за него. Како да се косат нивните дејствија во однос на тоа како општината лобира за овој монумент.

Не знам што би можело да биде главна пречка во промоцијата на Аквадуктот, сега кога е Пробиена трасата на Словенечка, улицата која води покрај него, бидејќи нејзината изградба беше подолга отколку нејзиниот историјат. Ако им се проблем стручни лица кои би напишале промотивен текст, можат да ги пронајдат во 400 невработени археолози во Македонија, вклучувајќи ги тука историчарите, архитектите и другите компетентни лица за културното наследство во Македонија. Не смеат да ја потценат ниту виртуелната страна чија моќ станува се поголема, со оглед на тоа што општина Бутел го изработува свој нов web site веќе 2 години.

Чинам дека е редно време општината Бутел да превземе конкретни дејствија во врска со Аквадукот, наместо да го користи само како симбол на својот грб, украс, убава сликичка зад која и те како стои историја.

Овој блог е еден од ретките (вклучувајќи го оној на Волан и уште неколку други) кој направи вистинска промоција на Аквадуктот во Скопје. И пак ќе напоменам:

Вистинскиот клуч за старите култури го носиме во себе. Треба да го дадеме како сведоштво, за да остави печат на времето.

Дали сакаме Аквадуктот да ни се поклони до земја при нашата следна посета, рушејќи се притоа како кула од карти?

Затоа:

Ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да обрнат внимание на културното наследство кое ни го снемува пред очите. Воедно упатувам апел до сите блогери, секој на свој начин да се вклучи во акцијата за промоција на Римскиот Аквадукт во Скопје.


Препорачани линкови:

- Аквадукт кај Скопје
- Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не
- СЛОВЕНЕЧКА – кратка историја за нејзината долга изградба
- Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
- Аквадукт & Синтезис
-
Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
- Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
- АКВАДУКТ – негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ …)
- Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
- Срам да ми е!
- Јас ли сум глуп?
- Аквадуктот..како да го зачуваме..
- Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
- АКВАДУКТ – Aqueduct … како да го пронајдеш
- Како лобира општина Бутел за Аквадуктот
- Google map my Аквадукт
- Скопскиот аквадукт и војничката сага
- Како умираат камените споменици – што ќе се случи со Скопскиот Аквадукт ако навремено не се заштити

Клучни зборови: Аквадукт, Скопје, Словенечка, Бутел, Македонија, Akvadukt, Slovenecka, Butel, Makedonija, Aqueduct, Skopje, Macedonia

One Response to “Како Аквадуктот се најде на грбот од општината Бутел”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат текстовите и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Текстовите на сајтот не се лекторирани. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање на интернет.

Василка Димитровска магистер по археологија

UNESCO Club HAEMUS
SCUPINI ROMANI
Моја книга за Руг Баир
Visits
View My Stats