Ова е уште еден подкопан столб од другата страна на барата … овој е подкопан од двете страни … ерозијата оди од земјата нагоре по принципот дека – водата микроскопски се качува нагоре … се сеќавате учевме на часовите по хемија во петто оделение …
A oва е еден дел од мојот текст со кој настапив на последниот Научен симпозиум на Археолозите на Македонија во Делчево. Текстот во оригинал можете да го прочитате на web site-от на Аксиос, во списанието Питандера. Темата за мојата дебата беа артефактите од камен, иако напишаното може сосема слободно да се примени и за сите камени споменици.
Камењата со поголема тврдина не се подложни на некои поголеми оштетувања, но кај оние со помала тврдина основен фактор за нивното распаѓање се: промена на температурата и влагата. Промена на температурата (нагло зголемување, па потоа намалување) може да делува разорно кај некои видови камен кои се порозни, немаат еднороден состав и кај коишто коефициентот на ширење на составните компоненти е различен.
Заеднички непријател на сите камени споменици, вклучувајќи ги и камените алатки е капиларната влага. Таа во зима смрзнува и аналогно на тоа се зголемува волуменот на мразот, кој прво создава микроскопски, а потоа и поголеми пукнатини во суровината, се додека не ја разгради.
На ова треба да ја додадеме и вегетацијата која симпатично го ,,гушнала” Аквадуктот и направила цел цветен оквир по неговата должина и дополнително го уништува. Како што може да се види од сликата, карактеристична појава на тој влажен малтер е еден посебен вид на зелено растение кое ја нагризува површината.
Ако некој си помисли макар и случајно, дека сум се откажала од Аквадукот и намерата за негова популаризација, е па богами се зезнал. Толку многу се изнапишувавме со Волан, што дури и бугарските блогери научија за нашиот Аквадукт. А за во иднина освен лобирањето, и неспособноста на конзерваторските центри за заштита на истиот… што знам…
Let God save the Аквадукт, ама буквално.
Препорачани линкови:
– Аквадукт кај Скопје
– Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не
– СЛОВЕНЕЧКА – кратка историја за нејзината долга изградба
– Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
– Аквадукт & Синтезис
– Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
– Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
– АКВАДУКТ – негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ …)
– Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
– Срам да ми е!
– Јас ли сум глуп?
– Аквадуктот..како да го зачуваме..
– Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
– АКВАДУКТ – Aqueduct … како да го пронајдеш
– Како лобира општина Бутел за Аквадуктот
– Google map my Аквадукт
– Скопскиот аквадукт и војничката сага