Струмин Гроб & Синтезис - дополнување » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
13th May 2007

Струмин Гроб & Синтезис - дополнување

напишано во Археологија |

Бидејќи Волан прилично добро го елаборирал археолошкиот локалитет Струмин гроб, крај Струмица, на кој вчера свиреа Синтезис во рамките на својата мини турнеја по културно историските споменици во Р. Македонија, јас би го дополнила со еден мал додаток.

Според Археолошката карта на Р. Македонија, Струмин гроб навистина е археолошки локалитет од средниот век, со сите параметри кои се запишани за местото. Во 1959 год.при орање, во близината на гробот биле откриени и уништени гробови од турскиот период. Во 1983 година извршено е сондажно ископување, но не е откриен движен материјал.

Инаку и јас очекував од струмичани дека ќе отидат на концертот, и можеби ќе закачат некое клипче на You tube…но…

Во секој случај браво за Синтезис, јас ќе ги чекам пак во Скопје, за да се изнауживам.

Од мене толку. Поздрав. Се гледаме следната сабота во Чифте амам. :)

p.s. текстот беше оригинално постиран кај Волан како коментар.


Користен извор: Археолошка карта на Р. Македонија, Том 2, Ману, 1996, Скопје, стр. 401.


Моментално ееден одговор to “Струмин Гроб & Синтезис - дополнување”

Ако сакаш да го знам твоето размислување за оваа тема, тогаш остави го преку коментар! Твоето мислење е важно исто како и секое друго.

  1. 1 На June 12th, 2008, Идентитетот на Синтезис бесплатно на Скопското Кале » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Напиша:

    […] Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство Струмин Гроб & Синтезис - дополнување Сте биле ли некогаш во амам - a во чифт или во тек? […]

Коментирајте