Home Администрација МК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈА – Настан во најава

МК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈА – Настан во најава

687 views
0

На 26ти мај, во просториите на културниот центар „Точка“ ќе се одржи првата МК Блог Конференција во организација на Центарот за Нови Медиуми. Редно беше некој да потегне нога за организација на една сериозна блогерска средба. На оваа средба конкретно во три сесии ќе бидат разгледани блоговите, блогосверата и алатките кои се потребни при нивното организирање

Со цел да иницираме отворен дијалог помеѓу корисниците, истражувачите, креаторите и промотерите на овој нов бран, одлучивме да организираме настан каде ќе можат да се запознаат разни луѓе, да се разменат искуства, да се научи нешто ново и да се сподели уште некој линк.

conference_logo_120×901.jpg

Акцентот на овој еднодневен настан е ставен на предвидената отворена дискусија. Затоа се обидовме да ги формулираме темите доволно широко а воедно и доволно конкретно за да обезбедиме простор за насочена, конструктивна и квалитетна дискусија.

Повеќе детали за оваа конференција може да се најдат на страната на организаторите.

Многу успех за нивната понатамошна работа. Тоа се дечки кои сите ги знаеме и кои упорно работат на полето на новите медиуми,  притоа промовирајќи во овој случај нивна ефективна употреба, достап до информациите како и новите комуникациските технологии. Воедно им честитам џилит нов web site, и што знам што друго… Ај, нека им е аирлија, нек им се угоде…

Препорачани линкови:

–  МК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈАКомуникации
МК БЛОГ СРЕДБА -третаВолан
Блог конферанција –  Баждарџијата
МК БЛОГ КОНФЕРЕНЦИЈАРибаро

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here