Дома Антропологија Старо Скопје во ново руво – промоција на web site

Старо Скопје во ново руво – промоција на web site

3,249 views
2

 

Скопје, град во кој е роден императорот Јустинијан I, а цар Душан се прогласил за цар. Скопје, бисер во океанот на културните светски богатства.

Скопје, град на тивки луѓе со големо срце и монументални споменици кои говорат за едно минато чиj дух се протегал многу подалеку од бедемите на неговото обѕидување.

Скопје, град кој ги отворал и ги затварал своите порти на патниците и војниците. Место каде се вкрстиле истокот и западот, северот и југот, коските и војните, крстот и кандилата. Секоја вечер се палеле канделабрите осветлуваќи ги темните сокачиња полни со мистериозни прикаски.


Градската порта на средновековно Скопје и бедемите, изградени од делкан камен. Пред влезната врата, над ровот, минувал дрвен мост кој може да се види и денеска.

Web site-ot ,,Животот во Скопје 1918-1941″ представува интерактивна визуелизација на книгата под наслов  ,,Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) – од етнолошки аспект”, од авторките Алла Качева, Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска, а во реализација на Музеј на град Скопје.

Скопје, кој во моментов е современ град со стотици апстрактни улички, илјадници голи светилки и 850 000 приказни секој ден, преку овој сајт ни евоцира спомени за едно минато чија душа се наоѓала многу подалеку од неговите ѕидини. Aвторот на ова капитално дело е Веселин Стефановски – Вени, човекот кој несебично го направи и го сподели со сите нас ,,Скопје на стари разгледници“, ЦД-то кое му предходеше на овој сајт, и кое со брзина на светлоста се преснимуваше помеѓу луѓето. Оваа интерактивна енциклопедија која својата промоција ја доживеа кај Јанко во емисија и кај Вопан на блог, заслужува многу повеќе внимание од само една рецензија по блоговите. Збогатен со фотографии кои кореспондираат со текстот, како во прикаската за Аладин и волшебната ламба, градот Скопје пред нас ја отвора својата душа за повторно да бидат откриен.

Се заинтересирав за човекот кој е толкав љубител на Скопје и преку семожниот интернет го пронајдов неговиот телеофонски број … Разговаравме долго на телефон … Му предложив и тој веднаш прифати да отвори меил адреса на која специјално сите Скопјани ке може да му праќаат свои фотографии по електронска пошта – или евентуално да го поканат во своите домови, на лице место да се направат скенови на фотографии … На истиот меил ке може да се праќаат и разни стории од Скопјени …. свои сеќавања за своите доживувања во Скопје … Вени идејата ја прифати и веднаш отвори меил за таа работа … staroskopje@gmail.com … Значи на овој меил ке можете да ги праќате сите ваши фотки кои ке се собираат и ке се класифицираат … и едитирааат на специјален портал на интернет – каде сите ке може да ги гледаат … Ке го едитирам линкот на порталот штом ке го дознаам … Периодично ке се реобјавува ново ЦД со новите фотки и новите сториии …

Би било добро со сите фотографии да има и определена приказна – сторија и историја на фотката …

Верувам дека оваа благородна идеја први ке ја прифатат Македонските Блогери и така ке се собере едем материјал кој на сите ке ни биде достапен …

За луѓето кои не се во можност сами да праќаат фотографии по меил – поради немање на интернет – ке се објави телефон за контакт на кој ке може да се повикуваат луѓе на лице место да дојдат и да ги скенираат фотките – и да ги забележат приказните … Ова би требало да биде континуирана работа и своевиден допринос на сите Скопјани – да се состави историја на Скопје онака како го доживувават Скопјани (неговите жители) …

од Блогот на Волан

А јас на сето ова еднашка многу одамна додадов:

Дали може фотографиите да ги врежат во своето сеќавање сите тајни недопрени, улици неизодени, стапки недоследени, љубови неоткриени. Да ги запишат сите воздишки неиздишани, соништа неотсонувани, можности пропуштени… Единствениот кој не ми попувал, се грижел, ме гушкал, ме бакнувал, ме заштитувал, ме успивал, ме будел … ТОЈ, кој отсекогаш за век и веков бил моја судбина. Оној кој молчеливо ме пречекувал од сите моите патувања и секогаш дозволувал после секоја можност да му се вратам, е исклучиво само мојот град.

На него посветив многу мали лични есеи. На него го посветив и овој пост.

2 КОМЕНТАРИ

Leave a Reply to The-city-I-love-the-city-I-live » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име