Home Аквадуктот во Скопје (серијал) Како лобира општина Бутел за Аквадуктот

Како лобира општина Бутел за Аквадуктот

1,145 views
0
Што би мислеле вие за една локалната самоуправа која дала наредба да се изработи сајт на општината Бутел кој нема кирилина подршка, не е ажуриран навремено, со многу лош дизајн и за себе напишала:

Види богати. Ќе испадне дека општината Бутел е постара дури и од Аквадуктот во Скопје, кој за негова голема несреќа по територијална припадност се наоѓа токму во неа. Се надевам дека општина Бутел која изработува свој нов web site веќе 2 години (погледнете само кога последен пат е ажуриран), ќе му посвети достојно внимание на Римскиот Аквадукт. Ама нека е жив ,,кешот” на гугл (па макар тој бил и виртуелен) од кој можев да го извлечам следниот текст за овој објект кој стоеше на нивниот сега веќе преминули сајт :

Сепак, најгорделиво и најдостоинствено му оддолева на времето, монументалниот аквадукт во Визбегово. Независно од контроверзите во науката, дали е римски, византиски или пак турски (водовод) аквадукт, неспорен е фактот дека општината Бутел го има и час поскоро ќе се зафати со негова конзервација и реставрација. Со оплеменување на неговата околина и пристапните патишта, овој раритетен споменик на културата од прва категорија ќе блесне пред домашните и странските посетители. Ако можат мислењата на верзираните проучувачи за староста на аквадуктот да се протегаат во период подолг од милениум, тогаш со право велиме дека културната историја на Општина Бутел е стара неколку илјади години.

Она што и претстои на новата и најмладата општина во Скопје, Општината Бутел и на нејзините граѓани предводени од градоначалникот Петре Латиновски е да ја ревитализираат, пресоздадат и да и обезбедат континуитет на севкупната култура.

Откако предходно во 1999 год. загинаа два милиони денари (со броки 2 000 000 ден.) за изградба на пристапен пат до Аквадукот, од пласирањето на оваа информација во јавност до денска, помина минимум уште 1 година. Аквадуктот се уште стои руиниран, а пристапен пат до него има, ама ако си го најдеш само со помош на кристална кугла. Во потрагата евентуално би ти помогнале Google maps и Google earth многу повеќе отколку таблите кои се уште ги (не)ма поставено општина Бутел.

Како да стигнете до Аквадуктот
Од постот на Волан

На сета мака се даваа уште и изјави во весник од типот:

Општинарите од Бутел преку мултимедијална презентација на скопскиот аквадукт (со мали букви прим. админ.), зазеленување на околниот простор и документарен филм што ќе се сними, планираат овој споменик на културата да го извадат од анонимноста и да им го понудат на скопјани и на туристите што ќе сакаат да го посетат. Проектот што се подготвува во општината за во иднина предвидува и негова обнова и конзервација.

На веќе одржаниот концерт на Синтезис под Аквадуктот не ми текнува дека видов некој Бутелски општинар, а уште помалку припадници на партијата ДОМ, која во јавноста даде изјава дека започнува проект за ревитализација на овој објект.        

Овој монументален архитектонски објект покрај се друго е загрозен и од блиската бара (чија големина може да се види преку Google maps и Google earth), факт кој го потврдуваат и бројните фотографии направени во теков на последново столетие.

Дали сакаме Аквадуктот да ни се поклони до земја при нашата следна посета, рушејќи се притоа како кула од карти.? А?


Препорачани линкови:

Аквадукт кај Скопје
Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не
СЛОВЕНЕЧКА – кратка историја за нејзината долга изградба
Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
Аквадукт & Синтезис
Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство
Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт
АКВАДУКТ – негрижа на надлежните (Фото досие “Бара“ …)
Кој лапна 2 000 000 денари за неизградениот пат до Римскиот Аквадукт
Срам да ми е!
Јас ли сум глуп?
Аквадуктот..како да го зачуваме..
Аквадуктот во Скопје се гледа преку Google maps и Google earth
АКВАДУКТ – Aqueduct … како да го пронајдеш

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here