Home Аквадуктот во Скопје (серијал) Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт

Зошто се знае толку малку за Скопскиот Аквадукт

1,022 views
0

Причините зошто имаше само 200 посетители на концертот на Синтезис кои саботата попладне го одржаа под Скопскиот Аквадукт не треба да се бараат во незаинтересираност на луѓето, туку во нивната неинформираност. Медиумите со пола уста известија за овој extraordinary културен настан. Но, веројатно еден од поголемите пропусти за недостаток на информации околу Аквадуктот кој се наоѓа во Скопје е неговото официјално публикување и датирање.

Археолозите и ним сродните профили се погрижиле во текот на последните стотина години да ни направат симпатична збрка околу потеклото на Скопскиот Аквадукт. По стручните списанија се сретнуваат разно – разни ,,ангажирани” историски текстови нарачани од *** во 60-тите години од XX век. Така ќе прочитате дека тој датира од римскиот, византискиот или оригинално од турскиот период. Ништо подобро не стојат ниту податоците кои се вртат по интернет. Да биде уште поинтересно, не сум запознаена дека се било кога вршени макар и сондажни ископувања (а можеби и се), како оние кои ги најавува за летово директорот на скопскиот Центар за конзервација – Јани Антониев.

Мочуриштето не е некој голем проблем, бидејќи се создава само по дожд и се повлекува по два-три дена. Со вработените во касарната неколкупати правевме одводен канал за водата, но цевките секогаш се затнуваат со гранки и кал. Годинава ќе правиме сондажни истражувања на објектот и притоа ќе се обидеме да го средиме и мочуриштето – вели Антониев.

Линк до написот во Дневник

Не би се сложила комплетно со оваа изјава ако на лице место не видев дека се загрозени неколку столба кои се полни со вода и со голем процент на влажност, па огромна е можноста од нивно трајно оштетување и рушење.

Исто така и двата најрелеванти извора за македонската археологија: Археолошката карта, ТОМ 2, во издание на МАНУ од 1996 год. и ЦД-ромот ,,Македонски Древности” издаден 1999 год. го имаат изоставено овој монументален објект. При тоа се сретнуваме со некакви си фактори со сомнително познавање за вредноста на светските споменици на културата и нивната туристичка валоризација кои одредуваат што, каде и како ќе биде публикувано во туристичките водичи со кои нели Македонија е ,,преплавена.”

Чудно е што ниту еден од моите колеги досега не се решил да се надоградува во правец на менаџирање на културното наследство и негова агресивна промоција, бидејќи тоа е нешто кое навистина ни недостасува. Оти да беше така немаше 95% од популацијата да ни биде со елементарно непознавање за Спомениците на културата во Република Македонија. А верувале или не, голем број од овој процент се и мои колеги археолози.

Препорачани линкови:

Аквадукт кај Скопје
–  Акција за ревитализација на скопскиот Аквадукт – ќе биде или не
СЛОВЕНЕЧКА – кратка историја за нејзината долга изградба
Непристапноста главна пречка за промоција на аквадуктот
Аквадукт & Синтезис
Синтезис, Римскиот Аквадукт и нашата негрижа за културното наследство

Клучни зборови: Аквадукт, Скопје, Словенечка, Бутел, Македонија, Akvadukt, Slovenecka, Butel, Makedonija, Aqueduct, Skopje, Macedonia

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here